Како да ги откажете плановите без да ви се налутат?

Понекогаш не сме расположени за да излеземе и да се забавуваме со нашето друштво. Поради работни обврски, расположение или едноставно поради недостаток на време поминато со самите себеси, посакуваме да ги откажеме плановите за дружење и забава. 

kako_da_gi_otkazete_planovite_bez_da_vi_se_nalutat_01.jpg

Нема ништо лошо во одделувањето на време само за нас. Но, многу често нашите најблиски знаат да ни се налутат поради тоа.

Затоа следниот пат кога сакате да ги откажете претстојните планови обидете се со овие тактики:

Бидете искрени

Искреноста е секогаш најдоброто решение. И кога навистина не ви се оди на кафе или ве фати мрза па не сакате да се подготвите и да излезете, обидете се на вашите пријатели да им објасните дека навистина не ви се излегува.

Не мора да бидете брутално искрени и да им кажете дека едноставно не ви се поминува време со нив, но може на културен начин да им објасните дека едноставно не сте расположени за излегување. Доколку ви се вистински пријатели сигурно ќе ве разберат.

Подгответе втор план

Доколку сакате да се видите со одредена личност, но времето или расположението тоа не ви го дозволува, тогаш откажете ги вашите планови со предлог за следна средба.

Закажете место, време и средба која ќе одговара на двете страни и на овој начин и вие и вашиот пријател ќе знаете дека проблемот не е во некој од вас туку едноставно сега не е поволна прилика за средба.

Планирајте помалку амбициозен план

Можеби сте се договориле да одите на вечера или кафе, без да размислите за вашиот распоред. И поради ова морате да го откажете овој план.

За да не си создавате ваков проблем секогаш планирајте нешто што е во вашиот досег, во склоп со вашиот распоред и можности.

Затоа пред да направите преамбициозен план или вашиот пријател се обидува тоа да ви го наметне, откажете го уште пред да се договорите и наместо тоа најдете некоја златна средина која ќе одговара на двете страни.

Не чекајте до последниот момент

Откажувањето на состанокот 30 минути пред закажаното време е навистина неодговорна постапка и може „скапо да ве чини“.

Доколку сте свесни дека нема да можете да стигнете на закажаната средба тогаш откажете ја што побрзо.

На тој начин и вие и вашиот пријател ќе имате доволно време да го испланирате времето и да договорите средба кога и на двајцата ќе ви одговара.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg