Прав од папокот, сообраќајни конуси, керамички џуџиња - 10 најоткачени колекции во светот

Пакетчиња шеќер

Ова веројатно не е многу невообичаено хоби, бидејќи сите знаеме по некој што си собира пакетчиња шеќер од кафулињата и рестораните. 

Сепак, за пофалба е најголемата колекција во светот која припаѓа на Германецот Ралф Шредер и се состои од дури 14.502 различни пакетчиња шеќер. Колекцијата е започната од мај 2013 година, а најстарото пакетче е од 1950-ти години.

10-najotkaceni-kolekciivo-svetot (5).jpg

Бувови

Нормално, не се работи за вистински птици бувови, туку најразлични декоративни претставници на оваа популарна птица.

Пем Баркер од Лидс во Мејн има колекција од 18.000 парчиња декоративни бувови, како што се керамички фигури, уметнички предмети, чаши, чинии, парчиња текстил и тоа не како дел од нејзина лична опсесија, туку како инвестиција.

Колекцијата претходно припаѓала на Дајен Тарнер, а кога таа починала во 2003 година, Пем ја откупила од нејзината фамилија за во 2006 година истата колекција да биде признаена од Гинисовата Книга на рекорди.

10-najotkaceni-kolekciivo-svetot (10).jpg

Прав кој се собира во папокот

Покрај тоа што собира ќеси од пекара, исечоци од брада, мапи и камења, Греам Баркер собира и „памук“ којшто секојдневно се собира во неговиот папок.

Од 2010 година, тој има собрано 22 грама прав од неговиот папок коишто ги собирал секој ден претходните 26 години. Секое „памукче“ го собира во керамички сад кој потоа го префрла во поголема тегла којашто е обележана според годината.

10-najotkaceni-kolekciivo-svetot (2).jpg

Чешалки за грб

Логиката налага дека Гинисовиот рекорд во оваа дисциплина ќе го држи доктор којшто се занимава со третирање иритирана кожа.

Докторот Манфред С. Ротстајн започнал со колекционирање во 2008 година и во својата колекција има 675 парчиња чешалки собрани од 71 земја во светот.

Тој вели дека голем дел од чешалките за грб му ги набавиле неговите благодарни пациенти и дека секој пат кога ќе види нова се изненадува на колку различни начини може да се изработи ова едноставно помагало.

10-najotkaceni-kolekciivo-svetot (3).jpg

Минијатурни столчиња

Жената која ја поседува најголемата колекција на минијатурни столчиња во светот се вика Барбара Хартсфилд.

Таа започнала да се занимава со колекционерство на овие необични предмети во 1990 години, додека работејќи како медицинска сестра во психијатриска болница, пишувала статија за бремените пациенти таму и ги користела малите столчиња на клацкање како средство за смирување на пациентите кои ги интервјуирала.

Во 2008 година нејзината колекција имала 3.000 парчиња мали столчиња кои биле дел од сет за кукли, новогодишни украси и соларници.

Следната година таа отворила Музеј на минијатурните столчиња во Атланта, а во него тие се подредени по тематика како што се, божиќни, велигденски, кока-кола итн.

10-najotkaceni-kolekciivo-svetot (9).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg