Прав од папокот, сообраќајни конуси, керамички џуџиња - 10 најоткачени колекции во светот
Што и да се измисли, за сѐ ќе се најде некој пасиониран колекционер што грижливо ги собира тие предмети.
Сме слушнале за луѓе коишто собираат книги за готвење, стрипови, монети, марки, значки… ова се нормални работи кои многумина ги колекционираат.
Како помали, дури и некои од нас колекционирале по малку чудни работи како што се мирисливи ливчиња, салфети или пак кутии од цигари или лименки.
Сепак, нашите колекции се речиси нормални во споредба со колекциите на чудните колекционери кои ќе ги видите подолу.
Прочитајте неколку интересни податоци за следните необични колекции на чудните колекционери:
Ќесиња за мачнина
Има голем број на колекционери коишто собираат спомени од нивните летови од бројните патувања, но тешко дека ќе најдете некои толку пасионирани како што се колекционерите на ќесиња за мачнина, т.е. повраќање.
Најпознатиот меѓу нив е Холанѓанецот Ниек Вермелен, којшто има 6.290 ќесиња за повраќање во својата колекција.
Оваа колекција е собрана од преку 200 земји во светот, а започната е од февруари 2012 година и е признаена од Гинисовата книга на рекорди.
Острилки за моливи
Музејот на острилки на Пол А. Џонсон се наоѓа во Хокинг Хилс во југо-источно Охајо и е дом на преку 3.400 примероци на рачни острилки на моливи во сите можни бои, форми, големини и материјали.
Колекцијата е организирана според тематика, на пример според Дизни карактери, божиќна тематика, мачки итн. Во оваа колекција има дури и острилка којашто датира од 1906 година.
Керамички џуџиња за во двор
Колекционерката Ен Аткин ги собира џуџињата за во двор уште од 1979 година. Во нејзината градина во Девон, Англија, се наоѓа колекција од преку 2.000 керамички џуџиња и ова е најголемата колекција во светски рамки.
Сообраќајни конуси
Она што ние го гледаме како обичен портокалов предмет на улица, други луѓе го гледаат како предмет вреден за колекционирање.
Според записот од 2000-та година во Гинисовата книга на рекорди, Дејвид Морган поседува 137 различни типови на сообраќајни конуси собрани од целиот свет.
Досега се верува дека тој има собрано околу 500 конуси во својата колекција, а најстариот и највредниот е еден гумен сообраќаен конус од 1956 година од Шкотска.
Јојо-играчки
Единствено почудно нешто од колекционирање на јојо е можеби самиот колекционер.
Д-р Џон „Среќко“ Мејсенхајмер има колекција од 4.251 жичена играчка, но покрај тоа во 1979 година препливал речиси цел километар со едната нога во уста, а исто така се занимава и со подводен хокеј и е тренер на тимот во пливање на параолимпијада.
Докторот е светски познат стручњак и историчар за сè поврзано со јојо и ја има формирано и Американската Јојо асоцијација, покрај ова тој се има борено со мечка, има победено во шампионат во мрдање со ушите, има напишано научно-фантастична новела и се има дружено со Марта Стјуарт.