Без срам, без препреки: Вежби што ќе ве направат најдобриот говорник во просторијата
Со помош на овие вежби ќе почнете да размислувате надвор од кутијата, мислата ќе ви тече без препреки, а вие ќе знаете како да му вратите секому во секоја ситуација.
Дали сте од оние срамежливи луѓе кои имаат трема кога треба јавно да го кажат своето мислење? Дали се чувствувате несигурно и ви се препотуваат дланките?
Повеќе нема потреба да биде така. Овие вежби ќе ви помогнат за да се претворите во најдобриот говорник во секоја пригода.
Вежби со кои ќе станете посамоуверени во комуникацијата:
Вежба 1:
Пуштете го телевизорот или некое видео на интернет, 30 секунди слушајте го тој што говори, потоа исклучете го звукот и 30 секунди развивајте свои ставови околу кажаното. Можете дури и да говорите гласно, ако сте сами.
Вака ќе развиете флексибилност на размислувањата и пронаоѓање на нестандардни решенија.
Вежба 2:
Замислете два неповрзани зборови, пример зајак и гардеробер, и смислете реченица во која ќе ги поврзете овие два збора.
Вежбајте секој ден со по 10 вакви парови и ќе почнете да ги прекршувате стереотипите, односно нема постојано да размислувате на одреден начин.
Вежба 3:
На внук ви, сестра ви или колешката од работа држете им предавања за нешто што сте го прочитале или слушнале некаде. Како се изработува пиво или пак факти за Владимир Путин, не е важно.
На овој начин ја тренирате меморијата и со тоа процесот на размислување ќе ви се одвива поефикасно.
Вежба 4:
Погледнете се во огледалото и кажете си ги мислите гласно. Минувајте од една мисла на друга и поврзувајте ги за тоа да звучи како една убава и искрена приказна од вашата глава.
Вака воспоставувате контакт со себе, самодоверба како говорник и потечно ви одат мислите.
Вежба 5:
За оваа вежба ви се потребни неколку пријатели. Еден нека започне приказна на одредена тема и другите треба да ја продолжуваат со повторување на претходно кажаното.
На овој начин ќе развиете способност за комуникација на секоја тема.
Вежба 6:
За оваа вежба потребен ви е партнер. Одберете еден предмет и обидете се да му го „продадете“ на партнерот, на пример пенкалото што ви стои на масата. Опишете ги позитивните страни на предметот, а оправдајте ги негативните.
На овој начин ќе развиете способност за убедување.
С. С. | Црнобело