Едноставни техники кои ќе ви помогнат побрзо да ги постигнете вашите цели

За да се постигнат замислените цели, секако дека е потребна силна желба за да може да успеете.

ednostavni-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-gi-postignete-vashite-celi-01.jpg

Во спротивно, доколку желбата не е толку голема, нема ништо да ве мотивира и брзо ќе се откажете на пола пат.

Па, за да не се случува тоа, покрај волјата, постојат и други фактори кои треба да се исполнат, односно методи кои ќе ви помогнат да ги постигнете целите.

Ефективни начини кои ќе придонесат за постигнување успех:

Метод 90/90/1

Суштината на овој метод е да се „спасите“ од потешкотии и комплицирани предизвици.

Важно е да одберете една работа која ви е приоритет и сакате да ја постигнете и да ја правите 90 дена, во првите 90 минути од секој ден.

Треба целосно да сте посветени само на тоа во тој момент, без ништо да ве попречува, а методот е ефективен бидејќи наутро мозокот уште не е изморен и сте полни со енергија.

Но, зависно од целта, доколку не ви одговараат 90 дена и 90 минути, може да промените со 60 дена и 60 минути и слично.

ednostavni-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-gi-postignete-vashite-celi-02.jpg

Франклин пирамида

Ова е веќе направен систем за планирање кој ќе ви помогне подобро да го изменаџирате времено и да постигнете цели.

Пирамидата се состои од 6 блока:

  • Основата на пирамидата се главните вредности на животот – тие ги одредуваат плановите и  соништата.
  • Општа цел – главната цел која човекот саката ја постигне во животот: да станете успешен бизнисмен, паметен учител, влијателен политичар и сл.
  • План за постигнување на таа цел – базирано на вашата цел, мора да ги идентификувате главните чекори кои треба да ги направите за постигнување на целта.
  • Долгорочни, годишни планови – тие претставуваат подетален план на работите што ќе ги правите во текот на 1, 3, 5 години.
  • Краткорочен план – ова е план за една недела или еден месец. Колку е повнимателно промислен, толку повеќе ќе сакате да го анализирате и коригирате – работете на тоа и бидете ефективни.
  • План на денот – последната точка во условите за постигнување на целите е исто така многу важна бидејќи секој ден треба да ви биде добро испланиран ако сакате да завршите сè што сте наумиле.

Наградувајте се

Овој метод посебно е добар за оние кои си поставиле цел која не може да се заврши за кратко време.

На пример, ако вашиот план е долгорочен, поделете го во 5 фази и по завршувањето на секоја од нив, наградете се со нешто што го сакате, дури и ако е ситница.

ednostavni-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-gi-postignete-vashite-celi-03.jpg

Имајте ритуали

На овој начин ќе бидете попродуктивни па затоа имајте некој ритуал пред да започнете со било што. На пример, пиење кафе, слушање музика, медитација, вежбање, прошетка со куче – што сакате за денот да ви почне подобро.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
8 едноставни трикови што ќе ви го олеснат секојдневието Како да ги држите малите ножички, како да ги ставите слушалките за да не ви паѓа...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg