Трикови како да се сликате за документи, за да не се срамите од фотографијата

Кажете им стоп на кревањето на брадата, повлекувањето на главата назад и низа други неприродни потези.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-01.jpg

Дали кога ќе ви ја побараат личната карта срамежливо ја подавате со шеговита напомена „Само не ми ја гледај сликата“? Најверојатно слична е ситуацијата и со пасошот, возачката дозвола и низа други документи.

Најчесто на овие фотографии испаѓаме како да сме застанале во ред за стрелање.

Сепак, не очајувајте, постојат неколку едноставни правила кои ќе ви помогнат како да испаднете поубаво на наредното фотографирање за документи.

Како да се сликате за документи за да не се срамите од фотографијата:

Не ја кревајте брадата

Една од најчестите грешки е што сакајќи да изгледате исправено на фотографијата ја кревате премногу брадата додека позирате, па изгледа како вашите ноздри да „зјапаат“ директно во камерата.

Фотографијата изгледа тензична и неприродна, а оваа поза прави брадата да ви изгледа масивно и во додава килограми.

Наместо ова подобро е благо да ги спуштите рамениците без да ја ставате главата во неприродна положба.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-02.jpg

Не ја повлекувајте главата назад

Ако ја повлечете главата премногу назад, ризикувате на фотографијата да имате двојна брада.

За долниот дел од лицето да ви изгледа поубаво, издадете ја вашата брада благо напред и многу малку навалете ја главата надолу.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-03.jpg

Воздржете се од широка насмевка

Според модерните стандарди присвоени во многу земји, меѓу кои е и Македонија, широката насмевка се смета за несоодветна за документи затоа што може да ги наруши фацијални карактеристики.

Но, блага насмевка е прифатлива. Само нежно поткренете ги краевите на устата.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-04.jpg

Не се муртете

Честа причина за лошиот резултат од фотографиите за документи е муртењето. За да го спречите ова, благо поткренете ги очите, како нешто пријатно да ве изненадило.

Овој метод ќе ви ги направи очите поголеми, а погледот повпечатлив.

Сепак, не претерувајте за да не изгледате како штотуку да сте доживеале некаков шок.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-05.jpg

Погрижете се за косата

Направете уреден стајлинг. Избегнувајте фризури што одат многу нагоре и долги шишки.

Според стандардите, на официјалните фотографии косата не треба да ви ги покрива веѓите и очите и лицето треба да ви биде отворено.

Тие што имаат сосема избричена глава, треба да се погрижат главата да не им сјае.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-06.jpg

Носете умерена шминка

Најважно е да избегнувате шминка со бисерна текстура и сјај, како што се сјаеви за уста, светкави сенки итн. Во комбинација со блицот може да предизвикаат отсјај на фотографијата и да изгледате постаро. Идеални се мат тоновите.

Исто така, обрнете внимание на правилно стилизирање на веѓите и трепките, затоа што ако не ги нагласите на фотографиите овие делови од лицето може да бидат незабележливи.

Ставете кармин во мат нијанса во боја слична на вашата природна боја на усни. Не ставајте премногу блед, ниту премногу силен.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-07.jpg

Изберете го вистинскиот аутфит

На официјалните фотографии во најголем дел го има вашето лице, па аутфитот речиси и не се забележува што значи дека нема потреба премногу да се дотерувате.

Масивниот накит е несоодветен, па големите обетки и ѓердани оставете ги за друга пригода.

Идеално е монохроматска комбинација како црна маичка и сако.

trikovi-kako-da-pozirate-za-dokumenti-za-da-ne-se-sramite-od-fotografijata-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg