7 работи на кои не треба да штедите дури и кога сте „кнап“ со пари

Сите имаме способност да се расфрламе со пари на почетокот од месецот, без да сфатиме дека по некое непишано правило, најважните инвестиции се случуваат кон крајот на истиот.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-001.jpg

Мудрите луѓе рекле дека постојат 7 работи на кои не треба да штедите, дури и кога сте со пребројани пари.

За да не биде „сиромавиот секогаш плаќа дупло“, не штедете на:

1. Патики и обувки

„Не сум доволно богат за да купувам евтини работи“ е одлична реченица која треба да ви се врти во главата секогаш кога купувате пар патики или обувки. Неудобните и тесни чевли ви создаваат стрес и притисок низ целото тело, кој за жал ќе се одрази подоцна.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-1.jpg

2. Долна облека

Колку што облеката е поблиску до кожата, толку поскапа треба да биде. Затоа, не мислете дека сте многу паметни доколку заштедите некој денар купувајќи евтина, синтетичка долна облека.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-2.jpg

3. Фармерки

Фармерките се важен дел од гардеробата, бидејќи ги носиме секојдневно. Тука прочитајте зошто тесните фармерки може да бидат опасни по здравјето.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-3.jpg

4. Стоматолог

Стоматолошките прегледи, покрај тоа што треба да се редовни, треба и да се темелни и квалитетни.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-4.jpg

5. Чоколадо

Неколку парчиња поскапо чоколадо од внимателно одбрани состојки може да направи повеќе корист за вашето здравје, додека евтиното чоколадо во големи количини само ви штети на здравјето и килограмите.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-5.jpg

6. Технологија

Кинеските верзии на најновите модели на телефони или било какви електронски уреди се најлошиот можен избор. Не инвестирајте во копии кога се работи за технологија.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-6.jpg

7. Алкохол

Алкохолот е секако штетен по здравјето, но понекогаш е подобро да се напиете една чаша квалитетно поскапо вино, наместо цело шише за истата цена.

7-raboti-na-koi-ne-treba-da-stedite-duri-i-koga-ste-knap-so-pari-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Зелка од 30kg, огромно глуварче: 13 работи кои ќе ве запрепастат со големината Огромни грутки мраз кои паѓаат како дожд, цвеќе поголемо од дланката, јајце кое ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg