10 парчиња облека кои му наштетуваат на женското здравје без да знаете за тоа

73 % од болките во грбот кај жените се должат на облеката и модните додатоци кои ги користат.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-001.jpg

Големите количини на облека во нашите плакари не се толку безопасни како што изгледаат.

Ова се десет парчиња облека кои  ги користиме секој ден а не знаеме за нивните последици врз здравјето.

1. Тесни панталони

Поради компресијата која ја создаваат познатите тесни фармерки се потенцијална закана за вашето здравје. Тие може да предизвикаат проблеми со циркулацијата, проширени вени, вкочанетост во нозете и сл. Затоа кога купувате не го гледајте само изгледот, туку обидете се да го зачувате вашето здравје.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-02

2. Високи потпетици

Според едно истражување жените страдаат 4 пати повеќе во однос на мажите поради проблеми со стапалата. Исчашени зглобови, плускавци, остеоартритис или оштетени нерви се само дел од проблемите. Главен виновник се високите потпетици. Ограничете го користењето на високи потпетици и побарајте пар удобни обувки особено доколку станува збор за пешачење на подолги релации.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-03

3. Танги

Континуираната употреба на оваа облека може да предизвика здравствени проблеми како вагинални инфекции, иритации и гребнатинки во пределот на гениталиите.

Ограничете го користењето на танги, особено во летниот период и пробајте да ги замените со памучни.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-04

4. Тешки обетки и ѓердани

Употребата на големи и тешки обетки може да предизвика кинење на увото, проблем за кој би била потребна естетка хирургија. Исто е и со ѓерданите. Болката во вратот може да предизвика контракции кои тешко се третираат.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-05

5. Вратоврски

Жените не се единствените кои страдаат поради модата. Според едно истражување 67% од мажите купуваат кошули кои се потесни од вратот. Тесните кошули и вратоврски ја намалуваат циркулацијата на крвта, предизвикуваат главоболки и ја зголемуваат мускулната тензија во грбот и рамениците.   

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-06

6. Неприлагоден градник

Погрешната големина или неправилно наместениот градник може да предизвика болки во грбот, рамото и ’рбетот. Секогаш кога купувате нов градник практикувајте да го пробате во продавницата.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-07

7. Апостолки

И покрај тоа што се неизбежен додаток за на плажа, нивната отвореност доведува до голема веројатност да настрадаат вашите нозе. Може да се предизвикаат гребнатини на нозете кои можат да се инфицираат.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-08

8. Појаси за обликување

Тесните и цврсти појаси може да предизвикаат отежнато дишење, болки во мускулите и проблеми со циркулацијата.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-09

9. ХХL торби

Големите торби кои собираат сè се тренд кој го следат многу жени. Сепак носењето голема тежина на едно рамо може да предизвика болка во мускулите и повреда на зглобовите. Ако не можете без овие торби, гледајте да се од лесен материјал и да го скратите списокот на работи кои ви се неопходни.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-10

10. Тесни здолништа

Овие здолништа ги држат вашите нозе блиску една до друга со што се ограничува вашето движење. Ова може да предизвика воспаление на мускулите и болка во колената.

10-parcinja-obleka-koi-mu-nastetuvaat-na-naseto-zdravje-bez-da-znaete-za-toa-11

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg