Необични начини како да го „научите“ мозокот да генерира нови и свежи идеи
Велат дека талентираните луѓе се раѓаат такви, но експертите во полето на креативно размислување, го тврдат спротивното.
Тие велат дека такви вештини може да развие секој кој ќе се потруди да размислува надвор од кутијата и се обидува да прави работи различни од вообичаените.
Со тоа му овозможувате на мозокот да генерира нови идеи, така што размислува на поразличен начин.
Постојат неколку начини на кои може да го поттикнете мозокот да генерира свежи идеи, па погледнете дел од нив и искористете ги:
Утринско запишување на мисли
Секое утро, пред појадок, запишувајте ги вашите идеи и искуства на 3 страни. Мора да запишете сè што ќе ви падне на памет во тој момент. Кога ги запишувате, мислите подобро течат низ главата и постојано барате нови идеи.
Променете го вообичаеното
Кога секој ден правиме исти работи и следиме исти рутини, го ставаме мозокот на „автоматски режим“ и го затвораме влезот на нови идеи. Затоа е важно да промените некои рутини, па дури и најбанални.
На пример, одете по друг пат до работа, слушајте различна музика, работете ги задачите на поразличен начин, а дури и обид за пишување со друга рака има позитивен ефект.
Време за креативност
Еднаш неделно, одвојте време за вашите омилени задоволства кои ви носат радост – возење ролери, правење колачи, читање, градинарство, што и да е.
Важно е да наоѓате време сами за себе и да наоѓате нешто што постојано ќе ве инспирира.
Повеќе физичка активност
Аеробните вежби најдобро ги извлекуваат идеите и мислите од длабочината на мозокот. Според научниците, за време на физичка активност, размислувањето се проширува, а расположението се подобрува, па возењето велосипед е одличен избор.
Асоцијации
Вежба која не бара никаков труд, а има позитивен ефект е асоцијации, која се игра во друштво, а дури и сами.
Додека сте на работа или дома, разгледајте наоколу и одберете еден предмет. Потоа, најдете 5 соодветни придавки за истиот.
Потоа, може да смислите уште 5 придавки кои не се никако поврзани со објектот. Ако имате повеќе од 5 идеи, не ја запирајте имагинацијата.
Не чекајте инспирација
Многу креативни луѓе, во период на криза, се потпираат на недостатокот на инспирација.
Сепак, многу професионалци, советуваат дека не треба да ја чекате музата, туку да почнете со процесот, па таа ќе се појави.
М. М. | Црнобело