25 животни лекции кои треба да ги научите до 25-та година
Животот е големо искуство од кое треба постојано да се учи нешто ново и никогаш не треба да се запостават работите низ кои минуваме, бидејќи секоја од нив е нова лекција.
Постојат одредени работи кои секој човек треба да ги научи до одредена возраст, а оние кои сфатиле дека тоа е важно, споделуваат со останатите.
Па така, до 25-тата година, веќе треба да имате стекнато одредено животно искуство и да сфатите некои значајни работи кои ќе ви го подобрат животот во иднина за полесно да се справувате со следните предизвици.
25 животни лекции кои треба да ги научите еднаш засекогаш:
1. Бидете благодарни – на младите им треба повеќе време да го сфатат тоа, но ќе се чувствуваат подобро и ќе имаат позитивни промени.
2. Не знаете баш сè – на светот постојат многу повеќе информации од тоа што вие може да си замислите.
3. Бидете културни – има многу некултурни луѓе, па немојте да ве стават во исти „кош“ со нив.
4. Кога можете, секогаш направете некого среќен.
5. Одете на пракса за надоградување на професионалните вештини или практикувајте нешто што ве прави среќни и исполнети, па дури и јога.
6. Ако можете, секогаш правете маникир на ноктите – не е многу скапо, а ќе ви влева самодоверба.
7. Купете си цвеќиња за во домот, бидејќи така ќе изгледа многу почисто и свежо.
8. Грижете се за вашето тело – балансирана исхрана и редовна физичка активност нека ви станат дел од начинот на живот.
9. Никој не може да ви помогне, освен ако не сте подготвени да ја примите помошта – ако не побарате помош, не ја очекувајте.
10. Преземајте одговорност – ако згрешите, не ги сокривајте трагите, туку поправете се.
11. Разговарајте со непознати – има многу нови работи кои може да ги научите од луѓето, па не се ограничувајте.
12. Бидете љубезни, но не трпете секакво однесување од секого.
13. Врските се комплицирани и за да се најде компромис помеѓу различни карактери, треба многу да се порудите.
14. Врските се избор, не обврска – понекогаш нема решение, ниту поправање, па најдобра опција е да заминете.
15. Бидете критични – кон себе и кон другите и кон сè останато, посебно во време исполнето со лаги, преиспитувајте сè!
16. Одете на терапевт – нема ништо срамно ако се чувствувате тажно или минувате низ стресен период, да разговарате со професионално лице кое ќе ви помогне да ја надминете ситуацијата.
17. Амбицијата е добра работа – немојте да ја гледате како себичност.
18. Високото образование е опција – ако не се гледате таму и имате нешто друго што е попросперитетно за вас – следете го!
19. Славете ги вашите победи – дури и кога се мали, тие се значајни за вашиот напредок и успех.
20. Во ред е да пиете алкохол – за одреден повод, со добар мотив и во умерени количини.
21. Работата за секој значи различно – секој има различни гледишта на тоа поле и не значи дека треба да се приспособите на нечие мислење.
22. Бидете свои – не се водете според очекувањата на околината и правете го тоа што вие го сакате.
23. Животот после училиште или факултет е тежок – не дозволувајте да „паднете“ и не се откажувајте, туку бидете упорни на патот до успехот.
24. Сакајте се себеси – бидете горди на тоа до каде сте стигнале и верувајте дека сте го заслужиле. Понекогаш пружајте си релаксација и заслужен одмор.
25. Но, немојте премногу да го намалите темпото и да не правите ништо. Вложувајте труд секојдневно, а на крај, наградете се.
М. М. | Црнобело