Совети од луѓето кои знаат да штедат, а сепак да уживаат во животот
Применувајте го правилото 10 секунди
Ако сте отишле во продавница без список, за да избегнете купување на дополнителни работи и производи користете го ова правило.
Пред да ставите нешто во корпата или количката, застанете и размислете 10 секунди – дали навистина ви треба тоа?
Ако се мислите повеќе од 10 секунди, вратете го на полицата без да се каете бидејќи очигледно не ви е неопходно.
Од време навреме проверувајте ги понудите
Поставете си правило, еднаш годишно да одите и да проверите дали има нови понуди за телефон, за телевизија, пакет за интернет и слично.
Често може да наидете на промотивни или намалени понуди и тарифи на кои може да се префрлите со што во иднина многу ќе заштедите.
Не купувајте првите 3 дена откако ќе земете плата
Не ја трошете вашата плата во првите 3 дена откако ќе ја земете, иако веруваме дека е тежок предизвик.
Но, во тој период, луѓето носат најимпулсивни одлуки за купување, бидејќи чувствуваат дека сега имаат пари и си го купуваат сето она што им „прифалело“ во последните денови од месецот.
Сепак, обидете се она што навистина ви е потребно да го купувате секогаш однапред, за следното одење во продавница по едно нешто, да не ви биде враќање со полн куфер.
Разменувајте си услуги со пријателите
Секој од нас има нешто што му оди подобро од на другите во друштвото. Па зошто да не го искористите тоа?
Наместо да плаќате дополнителен професор за детето, искористете некој од пријателите кој има познавање во тоа поле за да му помогне (а, вие оддолжете се на друг начин, со враќање услуга, не парично).
Или пак, наместо да одите постојано на фризер, организирајте дружба со пријателките и една на друга направете си ги косите.
Има многу начини, само треба да се потрудите и да си го направите животот поубав.
М. М. | Црнобело