Совети од луѓето кои знаат да штедат, а сепак да уживаат во животот
Дали некогаш сте забележале дека колку ви се поголеми приходите, толку повеќе ви се зголемуваат и трошоците?
Секојпат си велите дека од следната плата ќе заштедите пари, но тоа никогаш не ви успева.
Или пак, можеби си велите дека заработувате за да трошите и уживате, а не да се стегате и штедите?
Па додека вие се мачите и и покрај тоа што заработувате, не уживате во животот, има луѓе кои знаат како правилно да заштедат пари, без да си скратат од задоволствата.
Научете неколку работи од следниве трикови:
Гасете го телевизорот
Сигурно многупати сте се противеле да го послушате овој совет од постарите, но всушност ништо нема да ви наштети ако се навикнете да го гасите кога не ви треба, а на долгорочен план, може да заштедите.
Правете сезонски шопинг после празниците
После празничната еуфорија, имате одлична можност да купите украси или други сезонски работи по многу поевтина цена, па добро би ви дошле следната година.
Може многу да заштедите со тоа што ќе ги имате однапред работите за следната сезона и нема да купувате во период кога работите се најскапи.
Применувајте го правилото 30 дена
Со ова правило може да се ослободите од импулсивното купување. Кога сакате да купите нешто, посебно ако се работи за нешто големо, застанете и дајте си време да размислите, на пример 30 дена.
Во повеќето случаи, после 1 месец, доколку тоа нешто навистина не ви било неопходно, желбата ќе избледи и ќе сфатите дека нема потреба да потрошите залудно пари.
Доколку сепак сметате дека и тогаш ви е неопходно, купете го.
Направете си неделно мени
Обидете се однапред да го испланирате менито за јадење за цела идна недела. Ова ќе ви помогне при купувањето на потребни намирници и нема да купувате ништо што нема да ви биде потребно за неделното мени и ќе избегнете импулсивно купување, повторно.
Не ја надминувајте брзината при возење автомобил
Љубителите на брзо возење трошат многу поголема количина на гориво. А, да не зборуваме за тоа што ги прекршуваат законите и претставуваат закана.