Навики заради кои сте несреќни и неисполнети во животот
Да бидете во добар однос со луѓето околу вас е многу важно бидејќи социјалните врски играат голема улога во нашите животи.
Сепак, времето кое го поминуваме на градење врски не секогаш носи позитивни резултати и сите понекогаш правиме по некоја грешка.
На пример, ако забележите дека поминувате премногу време мислејќи на туѓите работи, а не на вашите, време е нешто да промените и да ги ставите вашите приоритети на прво место.
Погледнете кои навики и начини на однесување прават да бидете осамени и несреќни:
Не знаете да кажете „не“
На вашата листа на обврски има повеќе туѓи желби и задачи отколку ваши. Помагање, консултирање, давање совети, пазарење, грижење за некого, позајмување – секоја мала ситница го троши вашето скапоцено време, а на крај ништо не сте направиле за себе.
А, најлошо од сè е кога ги прифаќате барањата на секој, а не може да изброите ни на една рака што тие луѓе направиле за вас.
Што да направите: Ставете ги вашите задачи и обврски на прво место. Ако некој се обиде да ве направи себична личност, веројатно ќе се работи за манипулација на емоциите.
Пред слепо да помогнете некому, запрашајте се дали вреди.
Барате одобрување
Не се чувствувате самоуверено и имате потреба од одобрувањето на другите луѓе, бидејќи нивното мислење ви е поважно.
Ги правите работите за да бидете пофалени, а не затоа што така сакате.
Што да направите: Мора да одлучите дека сте добри и дека не мора никому тоа да го докажувате.
Наместо да барате одобрувања и комплименти, стремете се да ги постигнете вашите цели и замисли. Работете на вашата самодоверба и на личниот развој.
Немате ваш став
Не се спротивставувате, не се жалите и не се борите за вашите права. Полесно ви е да прифатите било што, да бидете мирни и трпеливи, со цел да не предизвикате конфликт.
Но, ако не го покажете вашето мислење, никој нема да знае дека воопшто го имате.
Што да направите: Дозволете си да имате сопствено мислење и не се плашете да го покажете. Така ќе ја покажете вашата индивидуалност и ќе донесете подобри одлуки.
Се обвинувате себеси за туѓите чувства
Ако често ви се случува да не може да постигнете со ветувањата кои ги давате, сигурно тоа резултира со повредување на некој ваш близок.
Но, тоа не значи дека треба да го правите тоа само затоа што некој претходно бил навреден од нешто или лут и си поиграл со вашите емоции.
Така, всушност луѓето со помош на манипулација ве тераат да направите нешто за нив наместо за некој друг.
Што да направите: Спуштете го товарот кој го носите – немојте да носите одговорност за нечии други чувства, проблеми и најважно од сè, замислени очекувања.
Правите работи кои не ги сакате
Заглавени сте во рутина која е предводена од барањата и задачите кои ви ги даваат другите луѓе, а истовремено мора да ги завршите и сите останати обврски.
„Поделени“ сте на сите страни и не можете да постигнете, но сепак „успевате“ да најдете време за секој, дури и во слободниот дел од денот.
Што да направите: Поделете го вашето време и личен простор за одмор, работа, домашни обврски, физички активности, патување или уживање во животот.
Не ги правете сите работи истовремено и не ги мешајте работните со домашните обврски или со задоволството. Поставете приоритети и размислете добро пред да се нафатите на нешто.
М. М. | Црнобело