7 тајни за престојот на крузерите кои само екипажот може да ви ги каже
Понекогаш хигиената е на ниско ниво и секој со секого има секс, а ако добиете отказ тогаш започнуваат главоболките.
Луксузен одмор во вид на крстарење на егзотични дестинации со брод звучи магично. Огромни базени, многу барови, свечени сали и што уште не.
Но, екстравагантната надворешност крие длабоки, темни тајни за кои надворешниот свет не е свесен.
Луѓето кои имаат искуство со работење на крузер добро ги знаат:
Екипажот на бродот имаат многу секс.
Сите што некогаш работеле на брод велат дека на тема секс таму нема ограничувања, авантури има повеќе од што очекувале и нашле човек со кој можеле да ги реализираат и своите најлуди фантазии.
На бродовите често се слушаат воздишки од кабините на другите вработени. Иако, сите делат соби, сепак, наоѓаат начин како да се опуштат.
Како крузерите ги прекршуваат правилата и зошто тоа е ризично?
Сопствениците често ги регистрираат бродовите во земји со не многу строги законски регулативи и тоа можеби не прави голема разлика за клиентите, но прави за вработените во одредени ситуации.
Исто така, безбедноста на бродовите е главна грижа бидејќи наводно некои од нив не се изградени соодветно за да издржат премногу тешки услови на отворено море, па ако екипажот не е одлично опремен за итни ситуации може да настанат големи проблеми.
Хигиената понекогаш е на ниско ниво.
Во тоалетите од бродовите луѓето фрлаат разни работи, од кондоми, па до маици, практично сè што не сакаат да земат со себе при заминувањето. Бродовите користат вакуум системи. Тие се многу ефикасни, но чувствителни.
Еден тампон може да направи штета на вашиот, но и на тоалетот на луѓето во кабините околу вас, па потоа следува цела процедура за одзатнување.
Полнењето со гориво на така монструозен брод може да биде проблем.
Ова чудовиште кое некогаш може да тежи и 220.000 тони има огромен резервоар и полнењето на истиот може да биде проблем поради бирократијата и границите во одредени земји.
Исто така, проблем е што понекогаш додека трае полнењето патниците се на палубата и не смеат да палат цигара во тој миг за да не дојде до незгода.
Полнењето мора да прекине веднаш ако некој аларм за пожар се вклучи. Во тој случај екипажот оди по собите да направи рутинска проверка и вакви прекини може да има и по 3,4 пати. Детекторот за чад може да се вклучи кога некој од патниците пуши во соба.
Ситуацијата е комплицирана ако ве отпуштат.
Секс со патниците е строго забрането, дури и влегување во соба на патник без дозвола може да ви донесе отказ, а ако добиете отказ ситуацијата е комплицирана. Затоа ако работите на брод треба строго да се држите до правилата.
Ако ве отпуштат, тогаш патот до дома, без разлика каде се наоѓате во светот, си го плаќате сами, најчесто подмирувањето на овој трошок воопшто не е ставен во договорот.
Крузерите стануваат еко-пријателски настроени.
Откако заканата за земјата стана сериозна поради прекумерното загадување и бродовите започнаа да се водат по одредени еколошки стандарди.
Во областите каде што има китови тие се движат побавно за да им дадат време на китовите да им се тргнат од патот, тие користат напредна технологија кога се моторите во прашање и ставаат прочистувачи на издувните гасови. Исто така, се користат биоразградливи масла за да имаат што помало влијание врз околината.
Каква работа е најдобро да барате на брод?
Тие што бараат работа на брод најдобро е да се насочат кон работните позиции на кои има контакт со клиенти како шанкери, продавачи, фотографи наместо помошници во кујната, чистачи итн.
Тоа е некаква гаранција за вашата позиција, затоа што бродовите постојано се во потрага по евтина работна сила за да скратат на трошоците, а бидејќи за контакт со клиентите ќе имате поминато одредена обука помала е веројатноста дека ќе ве избркаат бидејќи веќе вложиле во вас.
Се разбира, да се биде забавувач на бродот е најдобро, но, да се направи таков договор е малку потешко.
С. С. | Црнобело