Бонтон правила на маса кои откриваат колку сте (не)културни
Мачкање намаз/путер директно од садот каде што стои
За културно се смета да ставите малку путер или намаз во вашиот тањир, па потоа од таму да земате и да мачкате врз помало парче леб. Така ќе спречите чаршавот да се направи цел со трошки и да го извалкате од путерот кој ќе го носите од садот до лепчето.
Подавање на сол без прашање
Ако вие ставате сол во вашето јадење, културно е да понудите и да прашате дали и на некој друг му треба. Доколку некој друг става сол, а и вам ви е потребна, почекајте да заврши и потоа културно замолете да ви ја даде солта.
Исто така, запомнете дека солта по правило се дава заедно со бибер во држач и се остава на маса до оној кој ви ја бара, а не се дава во нечија рака.
Гледање настрана при наздравување
Гледањето настрана за време на здравица, се смета за некултурно. Најдобро е да се гледате во очи со оној со кого ја „чукнувате“ чашката, без притоа да бидете невнимателни и да истурите.
Ако здравицата е во ваша чест, треба да почекате сите да се напијат од својата чаша, па потоа вие да се напиете од вашата чаша.
Средување на изгледот
Чешлањето, поправањето на шминка или чепкањето заби и уста со прсти, како и неконтролираното чешање, е забрането додека седите на маса со луѓе, без разлика дали се тоа ваши блиски или не.
Сѐ што ви е потребно земете со вас и одете до тоалетот за да се средите.
Вистинскиот познавач на бонтонот е секогаш смирен
Најлошо нешто што може да направите е да им „солите“ памет на оние околу вас на маса и да им кажувате бонтон правила. Дури и ако оние кои седат со вас на маса мавтаат наоколу со приборот, зборуваат гласно, се средуваат и ги извадиле сите телефони на маса – ќе се справите и ќе останете смирени.
Трпението е најважното нешто, па доколку е потребно земете си неколку минути за себе и медитирајте за да го издржите лудилото околу вас.
М. М. | Црнобело