Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бонтон правила на маса кои откриваат колку сте (не)културни

Дури и за најмалите собири со блиските пријатели или роднини, постојат правила за однесување кога седите на маса.

bonton-pravila-na-masa-koi-otkrivaat-kolku-ste-kulturni-ili-ne-01.jpg

Бонтонот мора да се почитува секаде доколку сакате да бидете културни и да оставате добар впечаток пред секого.

Сепак, за жал многу основни правила секојдневно се прекршуваат и за многу од нив, некои дури не ни сметаат дека грешат.

Доколку сакате да бидете сигурни дека културно се однесувате, погледнете кои се правилата кои треба да ги почитувате на маса, односно грешките кои треба да престанете да ги правите:

Зависност од телефони 

Телефонот кој стои на маса е знак за лошо однесување, но и е многу нехигиенски. Најдобро е да го ставите на вибрации и да го оставите во џеб или чанта.

Доколку некој ве бара и мора да се јавите, не заборавајте да се извините и да станете од масата за да го завршите неодложниот разговор. Сликањето на јадењето и трошење време на социјални мрежи е исто така несоодветно.

bonton-pravila-na-masa-koi-otkrivaat-kolku-ste-kulturni-ili-ne-02.jpg

Почнување со јадење

Дури и ако трпезата изгледа неодоливо и сте гладни долго време, не почнувајте да јадете сами, ниту пак да „чепкате“ по малку од јадењето незабележливо.

Во ресторан, ќе чекате да ги доенсат нарачките на сите кои седат на масата, за заедно да почнете да јадете. А, ако сте викнале гости, не смеете да си дозволите како домаќин да почнете да јадете пред да дојдат гостите.

Запомнете дека секогаш треба да ги послужите нив.

bonton-pravila-na-masa-koi-otkrivaat-kolku-ste-kulturni-ili-ne-03.jpg

Мавтање со приборот

Лажиците, вилушките и ножевите, кои ги користите, треба да ги оставите во чинијата пред да почнете да правите било што друго, за да не уништите сѐ околу вас со јадењето кое стои на нив. Ова важи дури и за кога разговарате со некого.

bonton-pravila-na-masa-koi-otkrivaat-kolku-ste-kulturni-ili-ne-04.jpg

Гризање на лебот

Доколку сакате да јадете леб, но да бидете културни на масата и да се водите по бонтон правилата, треба да земете предвид 2 работи. Прво, не го сечете лебот со нож и второ, не го гризајте со заби големото парче леб.

Најдобро е да го кршите на малечки парчиња со прсти и така да го јадете лепчето.

bonton-pravila-na-masa-koi-otkrivaat-kolku-ste-kulturni-ili-ne-05.jpg

„Тортурирање“ на кесичката чај

Најдобар начин да ја извадите кесичката чај од шолјата е да ја фатите со лажичка (без да го  допирате конецот), нежно да ја притиснете на ѕидот од шолјата за да се исцеди и да ја ставите на левата страна од тацната.

Таму се ставаат и хартиите од кесичката чај или пакетчето шеќер.

bonton-pravila-na-masa-koi-otkrivaat-kolku-ste-kulturni-ili-ne-06.jpg

Уште 5 правила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Донесете подарок, не доцнете и уште 7 правила кои ќе ве направат совршен гостин Посетата на нечиј дом бара почитување одреден бон-тон правила, со цел да оставит...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg