Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 идеи за навистина добар ден

10-idei-za-navistina-dobar-den-povekjeБудењето со полна енергија и заспивањето со насмевка на лице – е кој не би посакал? Дали е ова возможно секој ден? Зошто да не! Ова се 10 нешта кои...

 

...може да ги правите за секој ден да ви биде добар ден.

10-idei-za-navistina-dobar-den

1. Секое утро одвојте време за себе. Наместо да го местите будилникот подоцна и да “снузувате“ по 5-10 минути обидете се да го наместите алармот порано, да полежите уште некоја минута, се истуширате и направите план за денот.

2. Појадувајте. Она што ќе го изедете за појадок ќе влијае на нивото на енергијата во текот на целиот ден.

Житарци, корн флекс, јогурт, сок и кифлички – ќе ве заситат и ќе се чувствувате убаво.

Ако немате време измешајте во блендер повеќе овошја и пијте ги во шишенце по пат накај работа.

3. Вежбајте. Возење велосипед, ролери, тенис, теретана, било што кое ќе ве испоти и ќе излачите ендорфин – хормонот на среќата, заради кој ќе се чувствувате енергично и позитивно.

4. Смеењето е лек. Гледајте хумористични серии или некоја комедија, дружете се со пријателите! Смејте се многу, често и секогаш!

5. Направете барем една досадна работа која ви виси на глава. Чистењето на собата, пеглањето, пишување извештаи – мачно, но мора да се заврши.

6. Сонувај, разбуди се, направи. Земете еден ден во неделата кога ќе можете да бидете сами и размислете каде би сакале да бидете за 5 години. Фантазирајте!

7. Изберете нешто “додатно“ наместо нешто “задолжително“. Земете пауза неколку пати во денот, пијте кафе, поканете ги старите пријатели, прочитајте списание или едноставно јадете сладолед. Не размислувајте за гужвата кој ве чека потоа.

8. Направете простор. Пред да си легнете во кревет повторно земете 15 минути. Не размислувајте за следниот ден и за обврските. Бидете како дете – сонувајте.

9. Опуштете се. Расправија со партнерот, незгоден разговор со шефот, грешка на работа – сето тоа е поминато заедно со денот. Одспијте и наутро сите проблеми ќе се чинат помали.

10. Заблагодарете се. Секој ден завршете го со попис. Овој пат тоа нека не биде листата со куп обврски, туку благодарност за сето она што сте добиле и дале во текот на денот.

Тоа не мора да бидат големи нешта – заблагодарете се на супер паркинг место или повик од пријателот. Секој ден списокот нека има 10 нешта.

Би можело да ве интересира:

Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg