„Спонтано“ веќе не е во мода: „Случајните“ фотки добија ново име
Нови трендови на фотки постојано се појавуваат, а секако блогерките и познатите девојки секогаш први ги промовираат.
Досега поминаа фотките со „duck face“ и оние со линии над бутовите, како и уште многу други.
Сега, на ред е Инстаграм трендот наречен „planned candid“, кој може да го означите со #plandid, а во превод значи „планирано спонтана“ фотографија.
Ова не е нов начин на сликање, посебно кај девојките кои многу често досега правеа „случајни фотки“.
Единствената разлика е што сега овој тренд доби и име, па можеби нема веќе да биде толку чудно ако позирате за „случајно“ да ве сликаат.
https://www.instagram.com/p/BX22Yy1lvU_/?tagged=plandid
https://www.instagram.com/p/BVKAFV7l7HI/
Бела Хадид, Кендал Џенер и Селена Гомез се само дел од љубителите на „спонтаните“ фотографии.
https://www.instagram.com/p/BUev2Sch4a9/
https://www.instagram.com/p/BVk8rOtDS9j/
Што мислите вие за овој тренд, ако можеме така да го наречеме?
М. М. | Црнобело