Што претставува феноменот Age Zero со кој тинејџерките изгледаат како 30-годишни жени?
Колку пати сте се сретнале со некоја средношколка која изгледа како да има 25 години?
Живееме во време кога сите информации ни се достапни кога ќе посакаме. Таа достапност на информации во голема мера се однесува и на познатите личности кои преку профилите на социјалните мрежи ни се поблиску од кога било. Со развојот на технологијата се појавија и нови идеали за убавина и опседнатост со физичкиот изглед.
Сосема е нормално една 35-годишна жена да се плаши од првите брчки на лицето, но трендот на „поправки“ на сето она што не ни се допаѓа сè повеќе владее со младите девојки. Естетските зафати со кои тие се оспеднати со едно име се нарекуваат „аgе zero“ (нулта возраст).
Овој поим ги опфаќа младите девојки за кои не можеме точно да погодиме колку години имаат, дали 26 или 35. Пример за тоа е Линдзи Лохан која на свои 24 години изгледаше многу постаро. Линдзи во тоа време користеше ботокс и филери, повеќе отколку што беше потребно за една млада девојка.
Уште еден одличен пример за девојка со феноменот „age zero“ е Кајли Џенер чиј изглед го копираат милион млади девојки низ светот. Кајли има само 19 години, а веќе има направено повеќе естетски корекции: ботокс, филери, зголемување на усните, па денес изгледа како да ѝ е врсничка на постарата сестра Ким.
Медиумите секојдневно пишуваат за млади девојки кои под влијание на овие познати личности направиле какви сé не операции за да личат на своите идоли. Една 24-годишна манекенка од Бразил ставила неколку литри маст во задникот за да изгледа како Ким Кардашијан. Ја одбиле осум различни доктoри, но деветтиот прифатил да ја изврши операцијата. Како награда за овие животни ризици, девојките добиваат голема слава и медиумска застапеност.
https://www.instagram.com/p/BVrT56zhqcB/?taken-by=jenniferpamplona
И познатите личности, и докторите, но и самите девојки, како и нивните родители треба да ја преземат одговорноста ширењето на овој тренд. Негата на лицето и телото почнува од мала возраст, но на природен начин кој доликува на возраста. Малите корекции се во ред, но не смее да се претерува и да се личи на некој друг или да се стане клон на некоја ѕвезда само за внимание или слава.
Ако се грижите за себе на вистинскиот начин, верувајте дека кога ќе наполните одреден број на години, ќе бидете благодарни што не сте наседнале на лажните фотографии кои ги гледаме на Инстаграм.
М. В. | Црнобело