Лажни луѓе: 6 типови на личности кои не ви се потребни во животот
Вистинско време е да им кажете кажете „збогум“ на личностите што ви нанесуваат повеќе штета одошто корист.
А, шесте типови на личности кои дефинитивно не ви се потребни во животот се:
1. Озборувачи
Постојат луѓе кои озборуваат сѐ и секого, затоа што се несигурни во себе. А, доколку тоа им го прават баш на сите други околу себе, не се сомневајте - ќе ве озборуваат и вас. Зарем навистина сакате покрај себе, некој што ќе ги прераскажува сите ваши тајни наоколу? Да, така и мислевме.
2. Вечни жртви
Тие баш никогаш не се виновни за лошите работи кои им се случуваат во животот, туку баш секогаш им се виновни сите останати. А, тие се против нив од ним непозната причина. Но, тоа е така само во нивната глава, додека реалноста прикажува личности кои не ја преземаат одговорноста за сопствените животи. Бидете сигурни дека ќе дојде време кога и вас ќе ве обвинат за нешто лошо.
3. Луѓе што ќе ви забијат нож во грб
Кога ним тоа ќе им одговара, овој тип на луѓе ќе го свртат против вас она што сте го им го кажале. За жал, таквите постојано имаат покрај себе неколкумина кои слепо ќе им поверуваат во тие приказни. Затоа е подобро да ги држите што подалеку од себе. Што помалку да слушнат, видат, како и да знаат за вас.
4. Љубоморни
Кога имате добар ден, ним тоа им пречи, а кога на вашата врата ќе чукнат проблемите, тогаш никој не е посреќен од нив. Секому од нас му е потребна група на луѓе која ќе го поддржува и во добрите и во лошите денови, подеднакво. За сѐ останато, животот е едноставно премногу краток.
5. Луѓе кои мислат само на себе
Ви се јавуваат само кога ним им се излегува надвор, кога тие имаат проблем, или, пак, кога им треба услуга? А, тогаш кога ќе дојде ред да ви возвратат на услугата, одеднаш имаат неодложни обврски? Верувајте ни, тие само ве искористуваат и време е да им ја треснете вратата пред нос.
6. Подлизурковци
Не, таквиот тип на личности не ве сакаат поради тоа што сте, туку бидејќи има нешто во кое може да им помогнете, а тие многу го посакуваат. А, кога тоа и ќе го добијат, само ќе исчезнат од вашиот радар.
М. А. | Црнобело