Како да ја препознаете мудрата, а како емотивната жена?

Емотивната жена мисли дека можете да бидете среќни само кога сте во право. Мудрата жена знае дека сте во право тогаш кога сте среќни.

kako-da-ja-prepoznaete-mudrata-a-kako-emotivnata-zena-001.jpeg

Кога мажот ќе направи грешка, емотивната жена тоа ќе му го повтори неколкупати со опасното „ти кажав!“ Мудрата жена го поддржува, пробува да го развесели, а понекогаш се преправа и дека грешката не се случила.

Емотивната жена во кризна ситуација ќе го земе кормилото во свои раце, при тоа покажувајќи му на мажот како се прават работите. Мудрата жена му предлага можни решенија и го поддржува во намерата да ги постигне своите цели.

Емотивната жена секогаш ќе сака нејзините деца да учат нешто од што утре ќе можат да направат пари. Мудрата жена сфаќа и ги охрабрува децата да го прават она што ги прави среќни.

Емотивната жена често се обидува да ги надмине другите на работното место, внимавајќи да не направи некаква грешка. Жената која ја краси мудрост пак, се труди да создаде пријатна атмосфера за работа.

Жената која е емотивна често ги следи своите деца во чекор, обидувајќи се да не направат никаква грешка. Мудроста пак, на другите жени им овозможува да ги пуштат децата да прават грешки и да научат нешто од нив.

Емотивните жени имаат отпор кон свекрвите и нивните совети. Силно се противат, наведувајќи ја својата самостојност како причина. Од друга страна, мудрите жени слушаат што свекрвите имаат да кажат. И потоа го прават она што мислат дека е најдобро за себе и своето семејство.

За крај, емотивната жена се обидува да го промени светот околу себе. Мудрата жена само се обидува да се промени себе и да ги прифати другите онакви какви што се.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg