10 знаци дека никогаш нема да се збогатите, според еден милионер

Никој не знае каква иднина го чека и тоа е сосема во ред. Но, постојат неколку знаци кои откриваат дека се движите во погрешна насока.

10-znaci-deka-nikogas-nema-da-se-zbogatite-spored-eden-milioner-001.jpg

Милионерот Стив Сиболд, кој своето богатство го стекнал од апсолутна нула, тврди дека сите во животот имаат подеднаква прилика да се збогатат.

Но, оние кои ги прават овие 10 работи, сами си ја уништуваат таа прилика:

1. Само работите напорно, но не и паметно

„Ако работите напорно и многу, тоа не мора да е предзнак за успех. Мора и да смислите начин како да заштедите пари за нешто друго, некој паралелен бизнис.“

2. Премногу размислувате за штедење, премалку за заработка

Мора да ја зголемувате заработката, не само да штедите. „Престанете да се грижите дека нема да имате пари и фокусирајте се на тоа како да ги заработите.“

3. Купувате работи кои реално не може да си ги дозволите

Дури и ако добиете зголемување на платата или бонус, не го користете тоа како изговор да се луксузирате.

4. Задоволни сте со постојаната плата

Просечните луѓе се задоволни ако работодавецот им ја исплаќа платата редовно и по работни часови. „Плаќањето според работни часови и работно време е најсигурно, но и најчестата пречка кон успехот.“

5. Не вложувате

Што порано почнете да вложувате во нешто исплатливо, тоа подобно. Не мора да бидете стручњак за финансии, едноставно треба да се обидете.

6. Следите туѓ сон, а не ваш

„Ако го работите она што го мразите, тоа ќе се одрази на вашиот успех.“ Многу луѓе прават грешка при самиот избор на работа, бидејќи не ги следат своите страсти, туку туѓите.

7. Се држите до зоната на комфор

Ако сакате да успеете, некогаш ќе мора да се доведете во ситуации кои не се најпријатни.

8. Немате цели

Ќе ви биде многу полесно ако штедите и заработувате со одредена цел и имате јасна визија што сакате да постигнете со парите.

9. Најпрво трошите, а потоа штедите (од она што останало)

Кога ќе заработите одредена сума пари или ќе земете плата, најпрво ставете го делот кој планирате да го заштедите на страна, па потоа покривајте ги трошоците. Секако, претходно мора да направите план.

10. Ви се чини невозможно да се збогатите

„Просечната личност мисли дека богатството е нешто што е резервирано само за оние кои се родени во добро ситуирани семејства. Вистината е дека сите имате можности, само треба да ги искористите.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg