Емоционално интелигентните луѓе ретко се лутат. Зошто?

Познавате ли некој кој секојпат успева да одговори на најдобар можен начин во секој ситуација? Дури и тогаш кога емоциите се во прашање? Поточно оние емоции кои вообичаено повеќето луѓе не можат да ги контролираат?

emocionalno-inteligentnite-lugje-retko-se-lutat-zoshto-01.png

Голема е можноста да станува збор за личност со висока емоционална интелигенција. Ваквиот тип на интелигенција се однесува на способноста поединецот точно да ги прочита и да управува со своите емоции, но и со емоциите на луѓето околу себе.

Емоционално интелигентните луѓе често и понатаму успеваат да останат смирени и во најтешките ситуации и заради тоа, нивните односи се складни.

Ова е техниката која ваквиот тип на поединци најчесто ја употребуваат:

Кога сте во ситуација која предизвикува екстремен емоционален одговор, подарете си 24 часа пред да донесете одлуки и да ги изразите вашите мисли и емоции. Кога сте под притисок, вашиот нервен систем лудува, а вашето тело го преплавуваат адреналин, кортизол и други хормони кои спречуваат да делувате на рационален начин.

Емотивно интелигентните луѓе знаат дури и во таквите ситуации да останат сталожени и мирни и настојуваат да ги контролираат своите емоции. Овие луѓе знаат дека времето е вредна алатка за решавање на проблемите.

Токму затоа, секогаш давајте си доволно време да ги разграничите и разгледате вашите емоции и разгледајте ја пошироката слика за некоја ситуација пред неконтролирано да донесувате одлуки и да дејствувате тогаш кога сте фрустрирани.

Кога некој не вознемирува, едноставно тргнете се настрана 24 часа и обидете се да ги стишите емоциите за да најдете паметен одговор на ситуацијата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg