Како да ги положите испитите?
Ако ве очекува испит или неколку испити, откриен е нов начин како да си обезбедите добри оцени. Нема некоја посебна тајна. Единствено што треба да...
...направите е да си овозможите медитација – тренинг кој ќе ве изненади со позитивното влијание.
Дури и само 4 дена пред испитите, 20 минути медитација ја зголемува концентрацијата.
До овие резултати дошол тимот од експерти на Wake Forest Univeristy School of Medicine.
49 доброволци биле дел од тестот каде се мерело нивното расположение, помнење, визуелно внимание и концентрација.
За време на медитирањето тие лежеле на грб со затворени очи и морале да се сконцентрираат на дишењето и да не навлегуваат предлабоко во своите мисли.
На крајот резултатите покажале дека когнитивните способности се подобриле само кај онаа група која медитирала. Освен тоа се намалиле и чувството на страв и умор, а се подобрило визуелното помнење.
Групата која медитирала подобро се справила и со притисокот и стресот.
Редовната медитација не само што ја подобрува концентрацијата и вниманието, доведува и до видлива промена на ова подрачје од мозокот.
Дури и кратките програми носат позитивни резултати. Вистински помага за полесно полагање на испитите. Значи – одвојте 20 минути дневно една недела пред полагање.