Од џиновско грозје, до коцки лубеница: 10-те најскапи овошја во светот

Секој сака да ги зарие своите заби во сочна праска или било кое друго овошје. Но, дали би дале цело богатство за нив?

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-01.jpg

Некои од најскапите овошја во светот:

1. Дињата „Yubari“

Овој тип на дињи се чува во специјални стаклени градини во Јапонија на островот Хокаидо. Растат како многу сочни и совршено кружни, а пукнатините потсетуваат на старите јапонски порцелани. Во просек, една ваква диња чини околу 300 долари, а најскапите се купени дури и за 27.000 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-1.jpg

2. Црната лубеница „Densuke“

Оваа лубеница исто како и „Yubari“, расте само на островот Хокаидо и е многу блага. Просечната црна лубеница чини 250 долари, ама има и такви кои на аукција се продадени за 6.100 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-2.jpg

3. Џиновско црвено грозје

Црвеното грозје кое го одгледуваат јапонските фармери е најскапо во светот. Секое парче грозје е колку пинг понг топче и содржи по 18% шеќер. Во 2016-та година, 700 грама од ова грозје се продадени за 10.900 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-3.jpg

4. Мангото „Јајце на Сонцето“

Ваквиот тип на манго во просек тежи 350 грама, е драстично поблаго од обичното и во Јапонија на аукција е продадено за 3.000 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-4.jpg

5. Лубеница како коцка

Ваквите лубеници се чуваат во посебни кутии со форма на коцка и се одгледуваат на јапонскиот остров Шикоку. Цената на овој тип лубеници  се движи од 200 до 800 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-5.jpg

6. Јагоди во бутик

Личат на обичните, ама се двојат од нив по тоа што се бараат оние со совршена форма и се продаваат во луксузната продавница „Sembikiya“ во Токио.  Можете да купите пакување од 12 парчиња за 69 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-6.jpg

7. Јаболка „Sekai Ichi“

Овие јаболка се гордост на јапонските фармери, бидејќи можат да достигнат и до 2 килограми, а се јадат на посебни празници. Едно парче се продава за 21 долар.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-7.jpg

8. Мешавина од мандарини и порткали

„Dekopon“ е хибрид овошје, комбинација од мандарини и портокали кои исто така, се произведуваат во Јапонија. Едно парче чини 13 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-8.jpg

9. Круши во форма на Буда

Ваквите круши со помош на пластични калапи се прават во Кина и едно парче чини 9 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-9.jpg

10. Банани „Gokusen“

Овие банани се одгледуваат во еколошки чиста област на Филипините на 500 метри надморска височина и се поблаги и поаромтични од обичните банани. Една банана тежи околу 200 грама и се продава за 6 долари.

od-dzinovsko-grozje-do-kocki-lubenica-10te-najskapi-ovoshja-vo-svetot-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg