Крадливци на покривачот - Дали партнерот го саботира вашето спиење?

Ноќ е, се подготвувате за добро заслужениот одмор и блаженото царство на соништата. И покрај сите ваши желби и надежи, се будите уморни и со подочници.

Dali-partnerot-go-sabotira-vaseto-spienje-01.jpg

Што се случи? Според истражувањето на компанијата „Eight“ која продава квалитетни душеци за спиење постојат неколку причини поради кои не добивате квалитетен сон.

За некои од нив сте свесни, бидејќи се евидентни како на пример хрчењето на партнерот, а за други воопшто немавте поим.

Еве што ви го краде и нарушува сонот:

Изместен биоритам

Едниот легнува порано, другиот подоцна. Таман сте здремале, партнерот ја започнува својата рутина пред легнување. Тој можеби сака да чита пред спиење, вам ви пречи светлината и обратно.

Тој има обичај да стане во текот на ноќта до тоалетот, а секоја активност вас ве буди, макар и на кратко. Сите овие мали ситници влијаат врз нарушување на сонот.

Турбулентно спиење

Некои среќници заспиваат како „заклани“ или се „комираат“ веднаш штом ја спуштат главата на перница. Но, за други процесот не е ниту малку лесен. Особено е мачно доколку партнерот постојано се врти, спие немирно и турбулентно или зборува за време на спиењето.

Постои и една група наречена „крадливци на покривачи“ кои постојано несвесно го тегнат ќебето и ве оставаат без сон.

Различни навики на спиење

Некој не може да замисли да заспие без вклучен телевизор, друг се успива во целосна тишина. Партнерот се успива со музика и мобилниот до него, вие ги избегнувате ваквиот тип на апарати барем додека спиете. И секако – светлината има одгромно влијание.

Некој сака да се буди во многу осветлена соба, а друг не сака да го замисли утрото без целосно спуштени ролетни. Доколку навиките за спиење драстично ви се разликуваат, помирете се дека нема да имате премногу квалитетен сон.

Разлики во температурата

Жените генерално уживаат да спијат во позатоплени простории за разлика од мажите, но постојат и обратни случаи. Сé зависи од зимурливоста на партнерот. Навистина е тешко да спиете во соба за пингвини, или сауна.

Решението е едноставно: средна оптимална температура во собата за спиење и одделни покривачи, за да секој си ја прилагоди топлината.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg