Креативни игри со кои ќе си ги развиете „мозочните виуги“

Способноста да пронаоѓате неочекувани и невообичаени решенија на најчестите и навидум едноставни ситуации, покрај тоа што ја буди вашата креативност и ви го развива и мозокот.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi-01.jpg

Токму затоа, потребно е секогаш да се предизвикувате себеси и да откривате нови решенија за едноставните задачи.

Ова не важи само за возрасните, туку и за децата. Кога ги применувате на нив, им помагате да го искористат својот потенцијал и да ја развијат својата креативност.

6 вежби кои ќе направат од вас гениј:

1. Јасно и невидливо (поврзување)

Замислете две комплетно различни работи и обидете се да најдете сличности меѓу нив. На пример, што е слично за млекото и ежот? Играта има за цел да нè научи како побрзо и ефикасно да правиме асоцијации (односно, поврзувања) во глава. Обидете се и со чевли и пенкала или виршла и капсули.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi-1.jpg

2. Дебата

За ова ќе ви биде потребна уште една личност. Одберете заедно тема или предмет за разговор. Едниот играч зазема позитивна страна, а другиот негативна. Обидете се да најдете што е можно повеќе аргументи за својата страна. На овој начин го развивате вашето критичко размислување.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi-2.jpg

3. Нестандардна примена

Најдете некој предмет што секојдневно го употребувате на одреден начин и обидете се да најдете начин како поинаку да го употребувате. На пример, за што друго можете да ја користите чепкалката освен за заби? Оваа вежба помага да излезете од ригидните начини на размислување.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi3.jpg

4. Погодување

За оваа вежба ќе ви бидат потребни неколку слики или цртежи. Сликите ги криете, а на оној кој вежба му давате задача да погодува што се крие на сликата. Може да ви поставува прашања, а вие на истите можете да одговорите само со „да“ или „не“. Ако вежбата ја прави возрасна личност, можете да го ограничите бројот на прашања кои може да ги постави личноста. Вака најубаво се развива креативноста.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi-4.jpg

5. Развивање на амбидекстрија

Амбидекстрозноста е способност подеднакво добро да ги користите и левата и десната рака. Оваа способност ја имале познати луѓе како Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Алберт Ајнштајн и уште многу други талентирани луѓе. Земете лист хартија и две пенкала. Обидете се со двете раце истовремено да нацртате и триаголник и круг. Со левата триаголник, а со десната круг. Симултаната активност на двете раце ви ги развива „мозочните виуги“.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi-5.jpg

6. Загатка

Еден играч смислува интересна приказна која ја раскажува само на крајот. На пример, една жена пред да легне да спие, става една чевла во сеф. Зошто? Задача на другиот играч ќе биде да ја открие приказната на првиот играч. До приказната може да дојде преку поставување на прашања со одговор „да“ или „не“. Оваа задача помага да бидете иновативни и да откривате решенија за навидум невозможни ситуации.

kreativni-igri-so-koi-kje-si-gi-razviete-mozocnite-viugi-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg