Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пастелно виолетова, корална...: Што открива бојата на карминот за вас?

Обожавате да ги менувате кармините за усни, но, сепак имате една боја со која се чувствувате најудобно?

sto-otkriva-za-vas-vasata-omilena-boja-na-karmin-01.jpg

Според новите истражувања кои за брендот Covergirl ги направи универзитетот Хавард, вашиот кармин може да биде индикатор за тоа како се доживувате себеси и како луѓето ве доживуваат.

Во истражувањето научниците се обидоа да откријат какви карактеристики преовладуваат кај личноста врз основа на изборот на бојата. Која е вашата омилена?

1. Пастелно виолетова боја

Оваа виолетова нијанса асоцира на достоинство, луксуз и мистериозност. Вие сте самоуверена и силна жена која е горда на својот софистициран стил. Сакате да преземате контрола, а во исто време знаете кога да се повлечете.

karmin-1

2. Барби розева боја

Енергични, расположени за забава и комуникативни се неколку од карактеристиките кои ве опишуваат. Сакате да бидете во центарот на вниманието и едноставно ја развеселувате секоја ситуација. Лесно стекнувате пријатели и сте секогаш полни со ентузијазам.

Karmin-2

3. Корална боја

Вие сте вљубеник во природата. Дали сте на плажа или на планина, сонцето е вашиот најдобар пријател. Луѓето ве чувствуваат блиски, а семејството е вашата најголема потпора.

pastelno-violetova-koralna-shto-otkriva-bojata-na-karminot-za-vas-9.jpg

4. Светло розева боја

Вие сте избалансирана личност, во која преовладува младиот дух. Иако преферирате да ги набљудувате работите, отколку да бидете дел од нив, сепак сте нежна личност, полна со емпатија, амбиции и сте свесни за вашата индивидуална вредност и уникатност.

pastelno-violetova-koralna-shto-otkriva-bojata-na-karminot-za-vas-10.jpg

5. Праска боја

Вие сте личност која е топла и дарежлива. Секогаш сте насмеани, сакате да помагате на другите и туѓата среќа ве радува и вас.

karmin-5

6. Пурпурна боја

Храброста е вашата најголема доблест. Сакате да бидете поинакви и често ги поместувате границите на она што е модерно или не. Имате одличен вкус за мода и обожувате  да експериментирате со изгледот.

karmin-6

7. Црвена боја

Сексапилноста и страста се вашиот заштитен знак. Вие сте самоуверена личност, отворена за разговор и забава и најчесто вашето расположение е во најдобро светло. Поради вашата енергија лесно се издвојувате од останатите.

karmin-7

8. Nude - кожа боја

Вие сте срамежлива и тивка личност. Не сте љубител на места каде што има многу гужва. Лојалноста и емпатијата се вашите главни карактеристики. Иако сте срамежливи, имате желба да разговарате и да сослушате, и токму поради тоа на пријателите сте им најцврста потпора.

karmin-8

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg