Жената со овие 5 особини е секогаш на самиот врв
Тие немаат потреба да глумат нешто што не се, ниту да ги импресионираат луѓето со евтини фалби.
Самодовербата е голема работа - ако ја имаш, може да ти ја отвори секоја врата, ако ја немаш, може да ја затвори и отворената врата.
Што прават поинаку успешните жени?
1. Не се прашуваат дали им се допаѓаат на мажите
Додека несигурните жени се прашуваат дали нивниот фустан ќе биде доволно добар за мажите да ги сметаат за привлечни, жените воопшто не гледаат така на таа работа. Тие очекуваат фустанот да им се допадне на сите мажи, но првенствено размислуваат дали им се допаѓа лично на нив.
2. Јасно им е зошто врските се прекинале
Додека жените без самодоверба ќе се преиспитуваат каде погрешиле, жените кои се успешни и сигурни знаат дека направиле сè што можат. Затоа, сега целат многу повисоко од претходно.
3. Имаат граници
Знаат што сакаат, што не сакаат и не играат како што мажот свири, туку како што нив им се игра.
4. Веруваат во себе
И не планираат да се предомислат или да ги жртвуваат своите убедувања само за да освојат некој маж.
5. Не се фалат
Жените полни со самодоверба немаат потреба да ги импресионираат другите со пофалби на своја сметка. Тие очекуваат другите да ги препознаат нивните квалитети, без да им ги сервираат пред нос.
М. Д. | Црнобело