Зошто изгледаме различно во огледало и на фотографиите?
Сигурни сме дека сте се нашле во ситуација кога едноставно не се препознавате себеси - во огледалото гледате една личност, а на фотографиите друга.
Но, зошто е тоа така?
Постојат неколку главни причини зошто гледаме две различни личности во огледалото и фотографиите:
Психолошкиот аспект
Многу често, кога се гледаме во огледало сме дома, релаксирани и послободни. Додека се фотографираме е исто како да се наоѓаме во некоја „странска, непозната територија“ и сме понапнати и повештачки.
Токму затоа, често се случува кога ќе се погледнеме во огледалото да изгледаме беспрекорно, а на фотографиите ситуацијата да биде спротивна.
Перспектива
Нашето лице не е симетрично и токму заради тоа настанува конфузија. Секое утро, кога стануваме, се гледаме во огледалото под одреден агол на кој сме навикнати, а на фотографиите не секогаш знаеме од која стана ќе бидеме сликани.
Баланс на светлината
Секое осветлување има своја одредена „температура“. Кога се гледаме во огледало не ги перципираме топлинските аспекти на светлината, разликите се гледаат на фотографиите.
Како една ламба или посилна светлина може драстично да го промени изгледот на фотографијата? Пример се овие две фотографии за споредба:
Фокусирање на индивидуални делови
Не заборавајте дека често кога се гледаме во огледало се фокусираме на одреден дел од телото, не на истото како на целина, а приказната со фотографиите е обратна.
Огледалност
Никогаш не заборавајте дека кога се гледаме во огледало рефлексијата е спротивна на онаа од фотографиите.
Останува прашањето, која слика е пореална? Онаа во огледалото или онаа на фотографиите? Одговорот е на фотографиите, но не грижете се, ако не си се допаѓате, можеби не сте сликани во вистинско време и со добра поза.
Н. Г. | Црнобело