9 работи кои не знаевте дека некаде во светот се нелегални
Сите веруваме дека добро едуцирани лица ги составуваат законите на земјите ширум светот, па така, им веруваме дека она што ќе ни го „забранат“ е лошо.
Во секој случај, некои од законите се косат со сите логички мисли и расудувања, бидејќи нема да поверувате дека воопшто постојат.
Ова се најнеобичните нелегални работи:
1. Коцкање во библиотека
Не звучи како нешто што се случува секојдневно, но сепак во 1898-ма година бил донесен ваков закон во Велика Британија.
2. Носење на штит во парламент
3. Поседување на кит
Ова е незаконски доколку тој припаѓа на радиус од 5 километри на Британското крајбрежје. Сите китови, делфини, морски прасиња и есетри и припаѓаат на Кралицата.
4. Произведување и пакување на домашно пиво
5. Користење на многу монети
Во Канада постои ограничување на сумата која може да ја платите во монети. Ако плаќате со 5 центи на пример, може да платите максимум износ од 5 долари во центи.
6. Ставање кофеин во пијалаци
Уште еден канадски закон кој не бил променет до 2010-та година. Во март 2010-та има поставено ново ограничување колкава количина кофеин може да содржат пијалаците .
7. Фрлање на џуџиња и подмачкување прасиња
Ништо од ова не звучи нормално и реално, но во 1989-та година Флорида забрани фрлање на џуџиња, односно луѓе со џуџест раст, додека Минесота строго ги забрани игрите кои вклучуваа фаќање и подмачкување на прасиња.
8. Јадење на луѓе
Е ова е нешто пологично. Канибализмот е општо неприфатен и луѓето се згрозуваат од нето, но Ајдахо е единствената земја во која навистина е забранет во пракса. Со исклучок на потреба за преживување.
9. Kinder Surprise
Мали чоколадни јајца со играчки во нив - што има тука нелегално? Во САД се забранети од 1938-ма, бидејќи родителите сметале дека можно е гушење од играчките во нив. Во секој случај Kinder Surprise јајцата се достапни низ цела Европа и во Велика Британија.
М. Д. | Црнобело