6 борби со кои се соочуваат високо интелигентните личности

Според многумина интелигенцијата е благослов, но и проклетство.

6-borbi-so-koi-se-soocuvaat-visoko-inteligentnite-licnosti-01

Размислувањето и согледувањето на нештата многу поинаку од просечните луѓе често им носи проблеми на луѓето со висока интелигенција, бидејќи честопати се случува тие да се чувствуваат осамени и несфатени од средината.

Ако кај себе сте забележале некои од следниве 6 борби, тогаш големи се шансите дека вашата интелигенција е повисока од просечната:

1. Разговорите за обични нешта ве заморуваат

Разговорите за сосема едноставни работи едноставно ве изморуваат и исцрпуваат, бидејќи вашиот мозок размислува за многу поголеми идеи. Темите на разговор кои ве привлекуваат се наука, уметност, филозофија, теми кои постојано го стимулираат вашиот мозок да размислува во нови насоки.

2. Малку зборувате, многу размислувате

Просечните луѓе веднаш го кажуваат тоа што прво ќе им дојде во главата. Интелигентните луѓе , од друга страна, молчат и не зборуваат ништо сè додека убаво не го осмислат одговорот и се осигурат дека тој е соодветен за проблемот. Ако нивната идеја навистина не е одлична, ретко кога тие ќе ја споделат со другите.

3. Лесно во станува досадно од работата

Потребни ви се постојано нови предизвици со кои вашиот мозок ќе учи и ќе создава нови идеи, бидејќи обичните и секојдневни задачи за вас веќе претставуваат досадна задача која ја извршувате по автоматизам.

4. Понекогаш останувате парализирани без да можете да дејствувате

Во светот во кој луѓето веднаш дејствуваат без однапред убаво да ја размислат ситуацијата, во голем број случаи можете да бидете перципирани како личност која е мрзлива и не сака да работи. Бидејќи во главата ви се вртат многу идеи, на моменти кај вас отсуствува импулсот за дејствување.

5. Ве сметаат за социјален чудак

Ако не уживате во озборување, зборување за неважни работи, премногу размислувате пред да кажете што било, луѓето ќе ве сметаат за чудак кој филозофира во секоја ситуација. Тоа е така бидејќи повеќето од нив имаат многу пониско ниво на интелигенција, па вашето размислување го толкуваат како чудно.

6. Тешко ви е да се заљубите

Бидејќи сте личност со изразени аналитички способности, која е независна и го перципира светот малку поинаку од останатите, мошне често е навистина тешко да најдете некој во кој ќе се заљубите. Тоа секако треба да биде личност која ќе ги споделува вашите идеи и визии, и ќе ужива да разговара на теми кои се многу повеќе од омилен филм и омилена музика.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg