Што јадат астронаутите додека се во вселената?
Сте се запрашале некогаш што јадат астронаутите додека орбитираат? Како изгледаат јадењата на астронаутите кои живеат на Интернационалната вселенска станица?
Еве како изгледаат оброците на астронаутите од различни земји во светот:
Русија
„Biruliovsky pilot plant“ е единствениот официјален руски производител на храна за астронаутите.
Инаку, првиот оброк кој Јуриј Гагарин го пробал во вселената бил три туби од 160g месо и една туба со чоколадо.
Денес, руските астронаути јадат каша со урда за појадок. Покрај урдата, другите типови на сирења и кашкавали за руските астронаути се вистински деликатес кој најчесто доаѓа од другите земји.
На фотографијата се прикажани кашкавал, супа, мелено месо и месо во сос.
Јадењето во вселена мора да биде лесно и да не остава зад себе отпадок. На пример, руските научници креирале астронаутски леб од кој никогаш нема трошки наоколу.
Мастиките се број еден пријател на астронаутите.
Руските астронаути имаат диета која се базира на четири оброци кои заедно сочинуваат 3.200 калории и можат да ги комбинираат од 300 различни јадења.
САД
Паста со мелено месо е меѓу најчестите оброци кои ги јадат астронаутите од Америка, а за готов оброк треба само да додадат вода во кесичката.
Поголемиот дел од храната на американските астронаути е вакуумирана, бидејќи така е полесна за транспортирање, загревање во микробранова или чување во мали фрижидери.
Заради начинот на кој е спакувана храната, во вселената таа подолго време ги задржува сите корисни елементи како витамини и минерали. За астронаутите, посебно важно е секојдневно да консумираат калциум.
На фотографијата е прикажано Гвакамоле.
Астронаутите на НАСА можат да го додадат на своето мени и омиленото јадење, само не треба зад себе да остава трошки.
Сета храна може да се подели на свежа која трае само 48 часа, месо со продолжен рок на траење и природни производи кои се подготвуваат со готвење за да се убијат бактериите.
За Денот на благодарноста, американските астронаути имаат специјално вакуумирано јадење - чадено мисиркино месо, сос од брусница и пире.
Италија
Италијанските астронаути на Интернационалната вселенска станица доаѓаат со сопствени јадења кои се состојат од нивната национална кујна.
Италијанците имаат инстантно кафе, но и кафемат со „Lavazza“ и „Agrotec“ кафе.
„Agrotec“ исто така, креирале и лазања која има рок на траење и до 36 месеци.
Кореја
Кимчи - едно од омилените јадења во Кореја, корејските астронаути го добиваат во конзерви.
Корејската вселенска храна се разликува од другата по тоа што наместо да е сува или замрзната, таа е подготвена да изгледа нешто налик на сос или супа.
Кина
Кинезите креирале специјални колачиња само за мисијата на Месечината.
Во Кина, за секое патување се креира специјално мени. На пример, првиот кинески астронаут јадел свинско, Кунг пао пилешко и ориз.
Сушеното овошје е меѓу омилените јадења на кинеските астронаути кои за разлика од Русите, дневно консумираат 2.734 калории.
Ова пакување содржи телешко, ама најпопуларно месо е свинското.
Јапонија
Најпопуларните јадења меѓу јапонските астронаути се нивните традиционални јадења како сушито, нудлите и оризовите топки.
Вака изгледаат нудли со соја сос и сушени зеленчук и месо.
Најголем извор на витамини за јапонските астронаути се пакувањата од јаболка, моркови и портокали во форма на пире.
Јапонските астронаути, исто така, уживаат и во зелен чај.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





