Како изгледа новогодишната трпеза низ различни земји во светот?
Секоја нација има своја карактеристична кујна, особено кога се во прашање празничните трпези.
Новата година и Божиќ се едни од најголемите празници кои имаат посебно значење и магија насекаде низ светот.
Еве кои се традиционалните јадење кои секоја нација ги подготвува за прославата на овие празници:
1. Данска
Данците традиционално на новогодишната трпеза имаат печена гуска, полнета со суво овошје или печено свинско месо, со компири и црвена зелка. За десерт - „gryuttse“ - каша од ориз со овошно желе и печени бадеми.
2. Италија
Новата година во Италија се дочекува со големи прослави кои вклучуваат свински колбаси - „cotechino“, послужени со леќа - симбол на долговечноста, здравјето и благосостојбата.
3. Мексико
Мексиканците сакаат зачинета храна, па за празникот подготвуваат „romeritos“ (основни состојки - ракчиња и компири), полнета мисирка, пченка, грав и слатки. За пиење главно се служат лесни вина, пунч и текила.
4. Англија
Традиционалната трпеза кај Англичаните вклучува полнета мисирка со зеленчук и пудинг за десерт. Пред да се послужи, тој се полева со рум и се фламбира на самата маса.
5. Виетнам
Во Виетнам, Новата година се слави според лунарниот календар во последните 10 денови меѓу јануари и февруари. Традиционалните јадења вклучуваат ориз и месо, кое најчесто е свинско подготвено со кокосово млеко или јадење чунг (смеса од ориз и свинско месо замотана во лист од бамбус и така испржена).
6. Франција
Ниедна свечена трпеза не може да се замисли без традиционалните остриги, паштетата од патка, вкусното сирење и секако квалитетното француско вино.
7. Јапонија
Јапонците веруваат дека костените носат успех во бизнисот, па затоа тие се задолжителен гарнир на многу јадења. На пример, во „mochi“ питите од варен ориз, покрај кои на трпезата се наоѓаат и морски кељ, грашок, грав и харинга.
8. Чешка
Задолжителното јадење кое ќе го најдете на секоја новогодишна трпеза во Чешка е крцкава штрудла со јаболко или вишна, која се послужува со сладолед, шлаг или џем. Остатокот вклучува богата супа, риба и јачменова каша.
9. Полска
Полската традиција е тоа дека на новогодишната ноќ мора да има 12 различни јадења. И притоа, никако да нема месо. Супи, житарки, компири, кнедли, торти и колачи. Главното јадење се состои од риба - печена или пржена, бидејќи во Полска таа се смета за симбол на семејната благосостојба.
10. Холандија
Традиционалното јадење кое Холанѓаните го имаат на новогодишната трпеза се крофните наросени со шеќер во прав.
М. С. | Црнобело