Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Убавицата и ѕверот - Поучна приказна која со векови крие важна психолошка лекција

Оваа бајка може да нè научи и освести за одредени делови од себе кои ги презираме. Психолошко клише како да научиме да се сакаме себеси, посебно да ги сакаме оние делови од себе кои ги осудуваме.

ubavicata-i-dzverot-poucna-prikazna-koja-so-vekovi-krie-vazna-psiholoshka-lekcija-01.jpg

Џош Грејсел, психолог и автор на стручниот портал „Psychology today“ напоменува дека работата на себе не е толку тешка како што сите велат. А, за тоа, како пример, ја користи приказната „Убавицата и ѕверот“.

Оваа француска бајка настанала во 1740-та година, а денес имаме можност да ја погледнеме и слушнеме во неколку различни варијации.

Најкратко кажано, станува збор за прекрасна девојка која е заробена од ѕвер за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа страшно, а убавицата е прекрасна и згрозена од него. Секој вечер ѕверот ја прашува дали ќе стапи во брак со него и секоја вечер го одбива.

Веќе е јасно нели? Убавицата мора да научи да го сака ѕверот сè до оној момент кога нема да се бакне со него за тој да се претвори во прекрасен принц.

Така и во реалноста, постојат одредени работи кои ги презираме кај себе, кои не ги сакаме и одбиваме да ги прифатиме.

Но, мора да научиме да живееме со нив. Мора да се научиме да ги прифатиме моменталните ситуации...

Не велете „ама“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да најдете убавина во ѕверот на вашиот живот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg