10 одлични употреби на пивото кои сигурно не сте ги знаеле
Секогаш кога ќе го слушнеме зборот „пиво“, помислуваме на ладен пијалак кој ја гаси нашата жед.
Сепак, покрај оваа добро позната употреба на пивото, постојат и други кои навистина можат да ви бидат од корист.
Ова се дел од нив:
1. Ја потхранува косата и го поттикнува нејзиниот раст
Пивото е богато со витамин Б, кој ќе ја одржува вашата коса здрава и ќе го поттикнува нејзиниот раст. Истурете една чаша пиво на косата, убаво измасирајте го скалпот, оставете да дејствува 5 минути и исплакнете со топла вода. Вашата коса ќе сјае како никогаш претходно.
2. Ја затегнува и потхранува кожата
Пивото содржи антиоксиданси кои го спречуваат стареењето на кожата. Покрај тоа, одлично е и за затегнување и освежување на кожата, а на тој начин ја спречува појавата на брчки.
Направете маска за лице од 1 лажица пиво, 1 белка од јајце и 3 капки бадемово масло, нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути и и исплакнете со млака вода.
3. Го подобрува спиењето
Хмељот, една од состојките која се користи за добивање на пиво, е природен седатив кој помага подобро да спиете.
4. Ги ублажува болките во стапалата
Истурете ладно пиво во поголем сад и ставете ги нозете во него. Пивото ќе се погрижи тие да се релаксираат и одморат од долготрајното стоење.
5. Ги отстранува мртвите клетки
Пивото е одлично за отстранување на мртвите клетки на кожата кои ви даваат нееднаков тен. Земете грст јагоди и измешајте ги со неколку лажици пиво. Нанесете ја маската на вашето лице и оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја со млака вода.
6. Го прави месото помеко
Пивото може да ви помогне да ја задржите сочноста и мекоста на месото, без да го промените неговиот вкус. Ставете пиво во еден поголем сад и оставете го месото да се маринира во него во текот на ноќта.
7. Го враќа сјајот на дрвениот мебел
Пребришете го дрвениот мебел со крпа натопена во млако пиво и веднаш ќе забележите како вашиот мебел добива нов сјај.
8. Ќе ве ослободи од инсектите во домот
Земете плитка чинија и ставете малку пиво во неа. Врз неа поставете леплива лента на која ќе наравите дупчиња. Мирисот на пиво ќе ги привлече мувите кон лепливата хартија и ќе ви помогне да се ослободите од нив.
9. Го враќа сјајот на металните предмети
Ниското ниво на киселина во пивото е совршено за полирање на метални предмети, како накит или метални садови за готвење.
10. Помага во разлабавување на рѓосаните завртки
Киселината на пивото може да ја раствори рѓата, што ќе ви помогне полесно да ги одвртите заглавените завртки.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





