Ѓоковиќ одговара на прашањето: „Зошто излезе од форма?“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во текот на својот престој во Белград одвои време и за средба со младите тенисери, тренери и спортски работници во Тенискиот сојуз на Србија.
Главната тема на разговор било влијанието на мислите врз резултатите во спортот, а Ѓоковиќ, помеѓу другите работи, зборувал и за психолошкиот пристап кон мечовите, тренинзите и другите професионални обврски.
Децата биле заинтересирани за детали поврзани со правилната исхрана и додатоците во истата, што треба да се јаде и пие во текот на тренинзите, но и пред и после натпреварите.
Повеќе од стотина деца присуствувале на настанот поставувајќи најразлични прашања.
Сепак она кое веројатно сите ќе го памтат уште долго време било прашањето на едно 7-годишно момче од тенискиот клуб „Дрил“.
Прашањето гласело „Ноле, зошто падна?“
Новак на тоа само се насмеал, пришол кон момчето и му одговорил:
„Не паднав. Само седнав малку да се одморам, за да се вратам уште посилен.“
Одговорот секако бил проследен со огромен аплауз а веројатно ќе остане запаметен и како една од најдобрите лекции кои децата ја научиле тој ден.
М. С. | Црнобело