Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џ. К. Роулинг испрати книги за девојче во Сирија за читајќи да заборави на војната

Бана Алабед и нејзината мајка живеат во Алепо, еден од сириските градови каде војната нанесе огромни штети не само врз инфраструктурата на градот, туку и врз животите на луѓето.

j-k-rouling-isprati-knigi-za-devojce-vo-sirija-za-citaj-i-da-zaboravi-na-vojnata-1.jpg

Малечката Бана имала можност да го гледа филмот за Хари Потер, а кога дознала дека постојат повеќе книги според кои се снимени филмовите сакала и да ги прочита.

За да и ја исполни желбата, нејзината мајка се обратила до Твитер заедницата со прашање како може да ги добие книгите за нејзината ќерка.

Профилот кој собрал повеќе од 94 илјади следбеници стигнал и до Ј.К. Роулинг, која веднаш се погрижила малечката Бана да добие електронска верзија од сите книги за Хари Потер, пишувајќи „Се надевам дека ќе ги прочиташ сите книги бидејќи сигурна сум дека ќе ти се допаднат.“

По добивањето на книгите мајката објавила фотографија од девојчето, со зборовите „Ти благодарам многу за книгите, пријателке Џ.К. Роулинг. Сè најубаво, од Алепо“.

j-k-rouling-isprati-knigi-za-devojce-vo-sirija-za-citaj-i-da-zaboravi-na-vojnata-3.jpg

Можеби најтрогателните зборови со кои мајката ја опишува љубовта на својата ќеркичка кон книгите се - „Чита за да заборави на војната“.

j-k-rouling-isprati-knigi-za-devojce-vo-sirija-za-citaj-i-da-zaboravi-na-vojnata-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg