Како анксиозноста станува нашиот најголем непријател?

Ве очекува испит... Интервју за работа... А, вие однапред знаете дека сè ќе се претвори во катастрофа. Дали ве совладува негативна треба многу често? Таа е уште попозната како анксиозност.

kako-anksioznosta-stanuva-nashiot-najgolem-neprijatel-01.jpg

Физиолошки, анксиозноста е исто што и стравот, но за разлика од стравот, кој се јавува заради реална опасност по животот и здравјето, анксиозноста се создава со предвидување на негативен исход од идните ситуации.

Кај анксиозната личност, карактеристични се мислите: „Што ако не му се допаднам?“, „Што ако се заглавам во лифтот?“. Токму овие мисли ја одржуваат и засилуваат анксиозноста.

Нискиот степен на анксиозност општо е познат како позитивна трема и најчесто позитивно влијае на нас.

Проблемот настанува кога анксиозноста почнува да нè совладува, кога станува почеста и започнува да влијае на нашето функционирање. Тоа најчесто е знак дека дошло до појава на некои од анксиозните нарушувања.

Анксиозните нарушувања се разликуваат од депресијата. Физички се одразуваат преку забрзано срцебиење и дишење, потење од дланките, чувство на гушење, вознемиреност...

Сето тоа може да доведе до промени во однесувањето - анксиозната личност започнува да ги избегнува ситуациите кои ги проценила како ситуации кои можат да ја загрозат. Престанува да оди сама на јавни места, не влегува во лифт, градски превоз...

Депресијата пак, се карактеризира со намалено расположение, континуирана тага без видлива причина. Забележано е и губење на енергијата и желбата за активности кои претходно причинувале задоволство, како и засилен замор.

Депресивните мисли се насочени на лошите мисли од минатото. Стравот од иднината не постои, бидејќи исто како кај анксиозноста, иднината, минатото и сегашноста се црни.

Анксиозните личности најчесто стравуваат за својот живот и здравје, а депресивните личност размислуваат за самоубиство, ако веќе станува збор за посериозно нарушување.

Анксиозноста најдобро се лечи со психотерапија и лекови, но само тогаш кога се препорачани од лекар.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки с...
8 знаци дека сте силна личност (дури и кога не верувате во тоа) Силната личност гледа на промените како можност за раст, за нов чекор ...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg