Семејството кое секоја година за Ноќта на вештерките има подобра маска од претходната
Семејството Роџерс од Ла Хабра, Калифорнија со право може да ја понесе титулата најкреативно семејство кога се во прашање костимите за Ноќта на вештерките.
Мајката, Мишел Роџерс, објаснува дека групното маскирање започнало како нејзина идеја, но дека од година во година сите членови на семејството сè поактивно се вклучувале во осмислувањето на маските.
Со текот на годините тие станале главната атракција меѓу нивните пријатели кои со нетрпение очекувале да ги видат нивните нови идеи.
„Знаете, постои навистина голем притисок секоја година да бидете подобри од претходната, но сепак јас и мојот сопруг навистина уживаме во сето тоа“ – раскажува Мишел.
А ако до сега само нивните пријатели со нетрпение ги очекувале нивните маски, сега бројот на очи кои се впрени кон нив е значително откако нивната најстара ќерка, Амриел, ги објавила фотографиите од семејството на Твитер.
Штом ги видите фотките подолу, ќе ви стане многу појасно зошто нивните фотографии се огромен хит на социјалните мрежи.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





