Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 работи кои можете да ги откриете од должината на прстите

Истражувачите потврдуваат дека постои одредена поврзаност меѓу тоа колку ви се долги прстите со одредени карактеристики на личноста пред сè поради затоа што разликата во должината укажува на различна изложеност на женските и машките хормони.

8-raboti-koi-mozete-da-gi-otkriete-od-dolzinata-na-prstite-01.jpg

На пример, ако уште додека сте биле во стомакот на вашата мајка, сте биле изложени на поголеми количини на тестостерон тоа значи дека ќе биде забавен растот на вашите прсти и показалецот ќе ви биде со различна должина од прстот каде носите прстен.

Од друга страна, на пример, жените кои се изложени на поголеми количини на естроген имаат помали разлики меѓу овие прсти.

Па, како разликата во должината на прстите се поврзува со одредени карактеристики на личноста?

8-raboti-koi-mozete-da-gi-otkriete-od-dolzinata-na-prstite-001.jpg

1. Поиздржливи сте. Се покажало дека луѓето кои биле изложени на повеќе тестостерон се подобри во спортови каде треба да бидете издржливи, како, трчање на долги стази.

2. Имате повисока просторна интелигенција. Во едно истражување, професорот Карл Пинцка ги мерел прстите на и ги поделил испитаниците во две групи. На едната ѝ дал капки тестостерон, а на другата плацебо. Оние кои добиле тестостерон биле подобри во основните просторни задачи.

8-raboti-koi-mozete-da-gi-otkriete-od-dolzinata-na-prstite-2.jpg

3. Помала е веројатноста дека сте верни на партнерот. Колку сте поисложени на тестостерон толку е зголемена шансата за промискуитет.

4. Поголема е шансата да ве привлекуваат други жени. Ова важи за жените. Во истражување направено на 720 жени и мажи, жените кои се идентификувале како лезбијки почесто имале разлика меѓу показалецот и претпоследниот прст.

8-raboti-koi-mozete-da-gi-otkriete-od-dolzinata-na-prstite-03.jpg

5. Поголеми шанси за моногамија. Истражувачите тврдат дека тоа е заради начинот на кој сме еволуирале. Во минатото жените на пример, биле за моногамија, бидејќи така постоеле најголеми шанси да преживее нивното потомство, па не е чудно што ако сте изложени на поголеми количини на естроген, поголеми се шансите да бидете верни.

6. Имате одлична меморија. Истражувањата откриваат дека колку помалку сте изложени на тестостерон, толку се поголеми шансите да имате одлична меморија.

7. Имате поголеми шанси за анксиозност и депресија. Ако додека сте биле во стомакот на вашата мајка, сте биле изложени на поголеми количини на естроген, поголеми се шансите да ги добиете овие растројства.

8. Поголеми се шансите да стапите во брак. Во едно истражување направено уште во 2000-та година, открива дека оние кои биле изложени на повеќе естроген, имале поголеми шанси да стапат во брак.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg