5 тајни на добро организираните луѓе

За луѓето кои уживаат во хаос и неорганизираност сосема е природно да изгубат половина час во барање на клучевите од автомобилот или домот.

5-tajni-na-dobro-organiziranite-lugje-03

За оние кои се сосема спротивни од нив тоа е бескорисно потрошено време. Добро организираните луѓе никогаш нема да ги видите како лутаат низ домот барајќи дури и најмала ситници.

Нивниот дом но и нивниот живот е така добро организиран што на моменти луѓето околу нив се запрашуваат дали тие се навистина луѓе или некакви машини кои вешто се камуфлирале меѓу нашиот род.  

Сепак вистината е дека тие воопшто не се машини туку дека се придржуваат до одредени правила благодарение на кои од својот дом создаваат совршено уредено место во кое е многу полесно да се снајдете.

Ова се 5 основни правила на сите организирани луѓе:

1. Живеат според листа

Колку и да звучи чудно тие имаат мала листа на обврски кои треба да се извршат во текот на денот, но и листа на долгорочни планови на чие остварување работата секојдневно.

2. Секој предмет има свое место

Колку пати досега сте задоцниле на работа барајќи ги клучевите од колата, а причината била тоа што секогаш ги оставате на различни места? Токму заради ваквите проблеми организираните луѓе имаат соодветно место за секој предмет во домот, а дури и ако сте отишле кај нив на гости многу лесно ќе можете да најдете сè што ви е потребно.

3. Одлучни се

Организираноста бара брзо и јасно донесување одлуки.  Независно дали го чистат плакарот, размислуваат што да облечат за забавата или планираат вечера тие се во состојба брзо и лесно да донесат одлука и да се држат во неа.

4. Имаат јасно определени идеи

Се сеќавате што кажавме за брзите, јасни одлуки? Истото се применува и овде, ако на масичката имате 5 книги едноставно одберете две и посветете им го времето нив. Организираните луѓе не го трошат своето внимание на многу работи одеднаш бидејќи знаат дека на тој начин нема да постигнат ништо. Наместо тоа тие избираат што им е корисно и привлечно и остануваат доследни на својата одлука.

5. Го ценат нивното време

Организираните луѓе се чини дека имаат супермоќ да остварат сè што зацртале. Сепак единствената причина зошто тоа им успева е бидејќи работат паметно. Тие знаат дека не можат да направат сè сами а не се плашат да им доверат дел од обврските на другите во кои веруваат. На тој начин работата ќе биде побрзо завршена а тие ќе добијат драгоцено време.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg