Жената со најскапиот нос вреден 5 милиони фунти

Дајен Кокс може да се пофали дека го има највредниот нос во цела Велика Британија, бидејќи цифрата која ја добива како надоместок токму за него изнесува 5 милиони фунти.

Zenata-so-izvonredna-rabota-i-nos-vreden-5-milioni-funti-01

Дајен работи како главен оценувач за кашкавал во една врвна компанија, па токму затоа нејзиниот нос има толкава вредност.

Нејзината работа вклучува мирисање и пробување на еден куп големи коцки од кашкавал со цел оценување која од нив ќе созрее во првокласен чедар.

Нејзиниот нос е толку многу вреден за сопствениците на нејзината фирма што тие го осигуреле за сума од 25 илјади фунти годишно.

Zenata-so-izvonredna-rabota-i-nos-vreden-5-milioni-funti-02

„Уште од мала имав навистина изострено чувство за мирис“, објаснува Дајен, „сепак за да го работам ова што го работам морам многу да внимавам на здравствената состојба. Се обидувам да се заштитам од секакви инфекции и какви било други болести кои би можеле да влијаат на моето сетило за мирис или вкус.“

Таа јаде седум пати повеќе кашкавал во текот на годината од она кое би го изел просечен Британец.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg