Зошто имаме црвени очи на некои фотографии?
Иако технологијата за фотографирање е многу поедноставена, ефектот на црвени очи сè уште знае да ни ги уништи фотографиите кои ги правиме. Но, зошто се случува да имаме црвени очи на фотографиите?
Кога светлината од околината е ниска, зениците се зголемуваат за повеќе светлина да влезе во окото. Кога светлината од блицот пристигнува до очите, истите немаат доволно време да се стегнат.
Затоа, количината на светлина која влегува во очите се рефлектира наназад од црвените крвни садови од хороидеата, слој на сврзно ткиво во задниот дел од окото.
Кога блицот од камерата ќе дојде до овој слој од ретината кој е богат со крв, настанува ефектот на црвени очи.
Причината поради која на фотографиите имате црвени очи е затоа што гледате директно во леќите на камерата. За да го елиминирате овој ефект, подобро е да гледате близу самата леќа на камерата, не директно во неа.
Инаку, новите фотоапарати имаат можност да испратат повеќе помали блицови за да му дадат доволно време на окото да се навикне на светлината.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





