За најдобри фотографии: послужете се со триковите на професионалните фотографи

Никој не може да ви каже како треба да изгледа вашата фотографија, бидејќи никој не може да ги види работите преку вашите очи.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-01.jpg

Сепак, кога е композицијата во прашање, познатите фотографи имаат неколку едноставни правила, благодарение на кои вашите фотографии ќе изгледаат многу подобро.

1. Правило на третини

Со ова правило, површината со која сликате, ја делите на 9 делови. Најголемиот број од електронските апарати ја содржат во себе опцијата за ваква рамка.

Идејата е да ги оставите важните предмети покрај линиите или на местата каде тие се сечат. Иако природно ни доаѓа главните предмети да бидат во средината, на овој начин сликата станува композициски многу поубава.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-01

2. Симетрија

Понекогаш, сепак можете да си играте и да го оставите главниот предмет на средината создавајќи совршена симетрија од двете страни. Архитектонските дела и патиштата се одлични места за создавање вакви фотографии.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-02

3. Рамка во рамка

Ваквиот начин на фотографирање додава длабочина во самата фотографија. Барајте елементи како прозорци или сводови кои ќе претставуваат рамка за сцената која ја фотографирате.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-03

4. Водечки линии

Водечките линии го водат гледачот низ сликата и го фокусираат вниманието на важните елементи. Патеки, ѕидови или какви било шеми може да се искористат како водечки линии. На сликата со Ајфеловата кула плочките ни се водечките линии кои го водат погледот  до централниот елемент.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-04

5. Шеми и текстури

Луѓето природно се привлечени од шемите и текстурите, бидејќи поседуваат визуелна атрактивност и укажуваат на хармонија. Редицата сводови или камените улици се совршен пример за тоа.

На фотографијата, камената улица е главниот елемент кој води до централниот објект, на кој исто така можеме да забележиме посебна текстура.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-05

6. Пополнување на рамката

Целосното пополнување на рамката, не оставајќи дополнителен простор наоколу, може да биде многу ефективно во одредени ситуации. Тоа му овозможува на набљудувачот да ги забележи и најмалите детали на фотографијата, без никакво одвлекување на вниманието.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-06

7. Негативен простор

Сосема спротивно на претходното правило, одлична композиција можете да постигнете и така што на фотографијата ќе го има само главниот предмет, без никакви дополнителни детали. Ваквите фотографии создаваат чувство на едноставност и минимализам.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-07

8. Едноставност и минимализам

Самата едноставност може да биде моќна композициска алатка. Едноставноста најчесто значи правење фотографии со едноставна позадина, која не го одвлекува фокусот од главниот елемент.

Друг одличен начин за создавање ваква фотографија е зумирање на дел од главниот предмет и фокусирање на истиот.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-08

9. Изолирање на предметот

Изолирањето на главниот предмет на фотографијата најдобро се постигнува со поставување на фокусот на него и одредено „заматување“ на позадината. Широкоаголните објективи се одлична алатка за вакви фотографии, бидејќи ви даваат можност да фотографирате голема површина, сепак истакнувајќи одредени нејзини делови.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-09

10. Сменете ја вашата гледна точка

Повеќето фотографии се прават во висина на очите на човекот. Издигнувањето или спуштањето над/под тоа ќе ви покаже дека елементите изгледаат многу поинаку доколку ги погледнете од друга перспектива.

10-fotografski-trikovi-za-podobra-kompozicija-na-vasite-fotografii-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg