Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најтесната улица на светот - Широка е само 50 сантиметри

Република Чешка е земјата која може да се пофали дека ја има најтесната улица на светот.

Ova-e-njtesnata-ulica-na-svetot-siroka-e-samo-50-santimetri-01

Во стариот дел на Прага, исполнет со бројни камени улички и куќи, во квартот Мала Страна се наоѓа „Vinarna Certovka“, најтесната уличка која постои.

Уличката е составена од скали, а на двата краја се поставени семафори кои го регулираат движењето на пешаците низ неа, бидејќи е премногу тесна за да можат да се разминат двајца.

Нејзината должина изнесува 10 метри, а ширината од само 50 сантиметри е она кое ја прави посебна.

Веднаш до уличката се наоѓа и истоимената таверна „Vinarna Certovka“ (што во превод би значело Таверна на ѓаволот).

Сопственикот на таверната раскажува како некој крупен германски турист се заглавил во уличката, па било потребно да го намачкаат со сапун за да можат да го извлечат.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg