Како се прави совршена реклама за хамбургер?
Дали сте имале можност да видите барем една реклама за хамбургери во која состојките во забавена снимка додека лебдат во воздух, полека се спојуваат една со друга?
Ова е една од оние класични снимки кои ве тераат веднаш да излезете од дома и да го вкусите тоа парче хамбургер.
Но, дали знаете дека воопшто не се употребуваат специјални ефекти за да се направи снимката?
Добро, не велиме дека баш секоја реклама е направена без употреба на специјални ефекти, но постои и машина направена за таа цел.
Режисерот Стив Жиралт реши да ни покаже како се добива оваа реклама без употреба на CGI, со машина коа е креирана токму за оваа намена.
Н. Г. | Црнобело