Како во машките фантазии: Згодна полицајка апси во бикини
Шведската полицајка Микаела Келнер ги запали социјалните мрежи кога на Инстаграм објави фотка како апси маж, а на себе носи само бикини.
Приказната, како што ја пренесуваат тамошните медиуми, е следната:
Микаела заедно со пријателките се сончала на плажа, кога им пришол маж кој им кажал дека продава магазини и парите ги донира за бездомници.
- Беше упорен и наметлив и не сакаше да си оди. Во еден момент, легна на пешкирите со нас, што мене ми беше сомнително. Ги предупредив девојките да ги си ги држат работите под око, раскажува Микаела.
Набрзо се испотавило дека полицајката е во право. Штом си заминал, една од пријателките забележала дека и го нема мобилниот телефон.
- Веднаш потрчав по него и го стигнав по 15-тина метри. Една од пријателките ми е исто така полицајка, па лесно го совладавме. Некој направил фотка баш во моментот кога го соборивме на земја, раскажува згодната полицајка која моментално е интернет сензација.
М. Д. | Црнобело