10 работи кои мора да ги знаете за вашата меморија

Дали некогаш сте си го замислиле животот без сеќавања? Едноставно не можете нели? Сеќавањата се еден мал дел од поголемата сложувалка која заедно го гради нашиот целокупен живот.

10-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-vashata-memorija-01_2.jpg

Речиси секогаш посакуваме да ги избришеме негативните сеќавања од нашата глава, а да ги запомниме позитивните и среќни сеќавања, но нашиот ум не функционира така. Понекогаш помниме некои сосема неважни информации, а забораваме важни...

Да се обидеме да сфатиме како функционира меморијата:

1. Можете да запомните работи и настани, само затоа што ги заборавате непотребните

Нашиот мозок одлучува што ќе заборавиме - неважните работи. Памтиме денови кога ни се случило нешто навистина лошо или денот на нашата венчавка, но ги забораваме оние кои се по рутина.

2. Можете да го натерате мозокот да запомни нешто

Нашиот мозок се обидува да нè заштити од неважните информации. Ако ги помневме сите работи кои ни се случуваат во еден ден, веројатно би полуделе. Но, ако навистина сакаме да запомниме нешто, тогаш тоа можеме да го направиме присилно со повторување.

3. Можете да се присетите на информации и без да знаете дека сте ја имале во глава

Пациент кој имал амнезија добил како задача зборови за да ги запамети, но по неколку обиди не можел да се присети на нив. Потоа добил празни простори за да ги пополни со цели реченици. Ги употребил зборовите на кои претходно не можел да се присети. Реалноста е дека понекогаш нашиот мозок памети работи за кои воопшто не сме свесни.

4. Вашиот мозок ги поврзува старите и новите информации кои се поврзани со минатото

Нашиот мозок постојано ги поврзува старите и новите информации, сте забележале? Да речеме дека гледате некој филм со нова актерка. Веднаш ќе се обидете да се присетите дали претходно некаде сте ја виделе.

5. Ако тешко ви оди да запомните нешто, обидете се со слики

Едноставно треба да ги трансформирате информациите во визуелна секвенца од слики, а потоа во главата да си ги поврзете сликите.

6. Вашиот мозок подобро памети информации кога сте скоро јадени или сте под стрес

Гликозата доаѓа со оброците и ги активира вашите вештини за помнење. Истиот ефект го има и стресот. Емотивните и стресните ситуации го поттикнуваат процесот на помнење.

7. Ако сакате да запомните нешто важно, ставете го светот на „mute“

Амбиенталните звуци, дури и пријатните можат да ви ја отежнат работата кога се обидувате да се присетите на нешто. Па ако сакате да се присетите на нешто важно, обидете се да бидете во потполна тишина и мир.

8. Ако работите работа која од вас бара да го употребувате мозокот, постојат големи шанси дека вашата меморија ќе биде недопрена

Истражувањата тврдат дека универзитетските професори лесно паметат работи кои ги предавале дури и тогаш кога се во пензија. Спротивно, луѓето кои имаат физичка работа имаат проблеми со меморијата како што стареат.

9. Можете да се обидете да запомните работи со употреба на бројки и звуци

Ханс Ебертарк, австриски лингвист и преведувач, имал своја метода за да се сеќава на зборовите и бројките. Се концентрирал на тоа како звучел зборот кој сакал да го запомни. Што се однесува до бројките, тој еднаш успеал да рецитира дури 11.944 цифри од π.

10. Тешката депресија може да ви ја уништи меморијата

Запомнете го ова и обидете се секогаш да се смирувате, да дишете длабоко и да му помогнете на вашиот мозок да ги зачува сеќавањата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg