Зошто жените после 40-та година се неспоредливи и едноставно генијални?
Новинарот Енди Руни водеше долг и интересен живот во кој освен професионалните извештаи, се занимаваше со важни животни прашања.
Денес ви пренесуваме еден од неговите најдобри текстови за сите времиња.
Во него совршено објаснува зошто сè повеќе и повеќе ги цени повозрасните жени, односно зошто токму тие се едноставно прекрасни и генијални.
„Како што созревав, сè повеќе ги ценев жените над 40-те години“
Еве само неколку одговори зошто: Жената постара од 40 никогаш нема да ве разбуди и да ве праша „За што размислуваш?“ Таа не се грижи за тоа што размислувате во моментот.
Ако жената после 40-та не сака да гледа фудбалски натпревар, нема да седи до вас и да се жали за тоа. Таа прави нешто што сака да го прави. Жената преку 40 се познава себеси и знае која е, што е, што сака и од кого го сака истото.
Малку жени кои имаат над 40 ги интересира што другите мислат за нив.
Жените над 40-та се достоинствени. Ретко ќе ви се извикаат сред ресторан. Секако, ако мажот тоа го заслужи, нема да размислува дали да го пукне, но сако ако знае дека подоцна може да се извлече.
Постарите жени се дарежливи околу пофалбите, дури и кога мажот не ги заслужува. Тие знаат што значи да не бидеш доволно ценет.
Жената над 40 самоуверено ќе ве запознае со пријателките. Помладите жени често го избегнуваат запознавањето дури и со најдобрата пријателка, затоа што таа нема доверба во мажите и другите жени. Жената над 40-та нема воопшто да се грижи дали тој „премногу“ ќе и се допадне, затоа што е сигурна дека нејзината пријателка нема да ја изневери.
Жените со годините стануваат видовити. Не морате да ги признавате своите гревови на жена над 40, таа веќе ги знае.
Жената над 40 изгледа совршено добро со светло црвен кармин. Што не е правило за помладите жени. Откако жената ќе преброди неколку брчки, далеку е посензуална.
Повозрасните жени се директни и чесни. Тие без проблем ќе му кажат на мажот ако се однесува како идиот. Не мора да се грижите на што сте со неа.
Да, ги славиме жените над 40-те од многу причини. Која е вашата?
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





